Онак јас ти кажувам дека сум опкружен со такви коли и никоја го нема тоа запишано во сообраќајната. Колите се купени такви од салон и така се возат. Тие коли така испаднале од фабрика, поминале хомологација на Машински и се пуштени во продажба. На нова кола купена од салон, додека ја возиш без никакви модификации нема потреба да и правиш никакви атести никогаш. Во цел свет е така каде што законите се далеку построги, така е и кај нас. Зарем мислиш дека некој господиш што купил S класа од 110.000 евра треба после да отиде во технички да му праат атест на задните џамови??
И не се објаснувам со тебе за тоа зошто не ме пишаа за тоа, ме пишаа за сосема трето и го пишав искуството во темава зошто насловот и е Случки со полиција, ни се жалам ни кукам. Што е тоа е.
При уклучување на логиката повторно ми иде дека ако колата ја внесам со неатестиран плински уред нема шанси да ми даат хомологација за да можам да ја регистрирам. Исто е и со стаклава. И за двете работи треба атест.