Вчера ме спаси добрата воља на полицајците од 300 евра казна и губење возачка дозвола.
Братучетка ми се селеше од еден стан во друг на скроз различни делови од Скопје, и заради тоа поминав околу 130 километри само градска вожња. Таков цел изморен тргам накај дома во 11 саат навечер, и правам муабет со братучетка ми.
Стигам до Порта Влае и наидувам на тој глупиот семафор што е ставен на сред кривина, додека во крајна лева лента чека полициско Јети за да сврти на Теодосиј Гологанов. Long story short, на мојот изморен мозок недостатокот на коли во лентата за право кон Ѓорче му се причинило дека семафорот е зелен. И така, ја со 80тина на саат прелетав на црвено, и кога ми текна што направив ми идеше да се убијам и до тетовска патарина се пцуев колку сум глуп. И уште ми е криво, зошто после толкава километража, на крај направив прекршок.
Само добрата воља (или мрзливоста) на полицајците ме спаси од 6 до 12 месеци без возачка. Памет за друг пат, Мартине.