Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2296976 пати)

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12540 на: 15 Јуни 2022, 21:41:40 pm »
Мириса на темјан

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 541
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12541 на: 15 Јуни 2022, 21:54:05 pm »
Во ваква корумпирана нефункционална полиција ќе биде: Фалат пари во буџетот?  Фотографирај 500 коли во денот, ако таблицата не е еднаква на тие и тие, фукни им 300 евра казна дека поминале на црвено, на фотографијата замени зелено светло со црвено и решен проблем, башка пиши таму 160 дека возел.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
AMIN!!!
AMIN!!1!

Sent from my Mi MIX 3 using Tapatalk


Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2294
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12542 на: 19 Јуни 2022, 16:28:30 pm »
Недела,убав сончев ден си чепкаш низ двор а соседите кои пред година-две ги тужев,со кој никој од соседството не е во добри односи,кои се откажани од родителите службено,кои имаат една купица тужби поплаки и што уште не платиле некој со бензински тример да кастре бршлен висок 2+м кој е на граничната ограда.
Во еден момент сеќејќи почнаа да летат гранки-лисја врз возилото,врз масата во дворот која е 6-7 метри оддалечена од зидот, му укажав на тој што сечеше да внимава премногу далеку летаат гранки при сечењето,но откако соседите дознаа дека сум му се пожалил му рекоа да нема гајле и да си продолжи без да внимава а имаше и некој недоличен збор навреда против мене.
За неполни 10-15 мин полиција ми дојде на вратата дека имало поплака против мене од соседите дека не сум им дозволувал да работат.На службените лица им укажав а и на лице место се гледаше до каде има расфларно гранки и листови.Ми зедоа податоци и слично и ме предупредија да не ги спречувам во работата на што почуствував неправда.
Во разговор со другар кој е адвокат бев во полицијата и пријавив дека со причина и добрососедски му укажав да внимаваат но не го сторија тоа и продолжија да прават неред во мојот двор сечејќи од нивната страна на дворот.

Да беа соседи со кои се има разбирање,да не ми плукаа на поштенското сандаче закачено на портата,да не ми направија скандал кога поставував порта за што и ги тужев за Загрозување на безбедноста,да не ми фрлаа семки од праски во тревникот ,да не палеа треви,пластични шишиња во нивниот двор и предизвикуваа страшна смрдеа и што уште не немаше око да ми трепне јас ќе им се понудев бесплатно да го средам бршленот и искастрам рачно.

Место да се има релаксиран и опуштен викенд се занимавам со глупости и полиции па добив и опомена.Не ми е само јасно функционирањето на службениците видоа на лице место дека со причина им реков да внимаваат но тоа не ги интересираше.

Причина плус за бегање од оваа дно дна општество и нефункционални институции.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55196
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12543 на: 19 Јуни 2022, 16:38:51 pm »
Жена можеш да бираш, дете може да избереш, маче куче ќе избереш, швалерка ќе избереш, кола ќе избереш, мотор ќе избереш...

...комшија не можеш да избереш.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6817
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12544 на: 19 Јуни 2022, 16:43:36 pm »
Дете ќе избереш?


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12545 на: 19 Јуни 2022, 16:51:41 pm »
Па семката ако не ти фати, на тоа останува...

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6817
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12546 на: 19 Јуни 2022, 17:40:28 pm »
Не зезај, и во таков случај не се на излог ставени и тие деца, па да си избереш. Грдо звучи.

Реално, работи што не можеш да ги избереш се, да, комшии, и роднини. Може да избереш да немаш деца. Да немаш комшии и роднини, потешко малце.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10608
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12547 на: 19 Јуни 2022, 18:00:34 pm »
Значи тука мирно си живееле во беззаконие, си палелел ѓубре, си се грееле на шишиња, и одеднаш се појавуваш ти као екологист, нешто еу вредности, љубов, мир и разбирање ова она. Значи разберете дека сакаме неред, башибозук, анархија, уживаме да се валкаме во кал ко свињи и дека не гледаме сите со исти очи. Кој сака срњдени држави, енњ ми се германија, шведска русија (ова за русија е шала). Никпј не ви брани да живеете по европски вредности, и ние раат, и за вас мир. :D 😬😆😀
Или прилагоди се и ти, истепај некохо, прај пакости, узурпирај земја, врлак ѓубре по комшиите, немојш поинаку со ними. Ја мир немав, само по судој бев и џабе дур не почнав да се понаша полошо од ними. Не си ти германија, 3 пати да напрајш бела па да те мкнат по затвори, по психијатри, овде тоа е. Само остро. Тој оградата, ти некоја друга беља напрај му, добро знаат како не функционираат институциите овде и дека ништо не им праат.
« Последно менување: 19 Јуни 2022, 18:07:52 pm Bicikle »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12548 на: 19 Јуни 2022, 18:16:20 pm »
За жал, Бициклот повторно со вистината.

Додека не се испонашаш како ѓубре и ги заплашиш малку, тешко раат...

Еве и јас имам една таква гнаса во маало.
Оди наоколу и за сите јаде гомна, а самиот прави штета за другите луѓе од улицава.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2294
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12549 на: 19 Јуни 2022, 18:46:17 pm »
Не знам дали до крајот на мојот живот  можам да стигнам до пола од пријавите,тужбите,приведувањата,условните казни и затвор лежењето кои ги има соседот за да можам да го применам мислењето на Бициклот.До сега до мои 36 години не сум осудуван,сум имал две сообраќајни прекршоци( не носење кацига и не поминување на пешачки).Се плашам дека нема да го стигнам :D
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 910
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12550 на: 19 Јуни 2022, 19:16:31 pm »
ако те пријавил,штом си чист,што се замараш.и мене ме пријавуваа,за глупости, дојдоа полиција,се напија сок и заминаа. или герила акција,или судски реши го и ќе бега од тебе. а размисли како може да ти помогнеме

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7225
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12551 на: 19 Јуни 2022, 19:20:10 pm »
Во моментот најважно е кој ги има врските со полицијата и обвинителство.
Реално, џандароте мене ми звучат кко да се блиски со нив. Мислам дека следен пат не треба ти да им кажуваш на нив, туку дирекно во полиција да ѕвониш дека има некој што нарушува ред и мир кон твојот имот. Реално, да си се пожалил на внатрешна полиција треба џандарите да го јадат зошто воопшто тебе опомена ти дале.
Најверојатно морале некако по пријавата да постапат, па затоа така навеле во записник

Муабетите од типот дека треба бетер од нив да правиш и д им враќаш, јас додека не видам кој колкави врски има со полиција и обвинителство, не би се чачкал зошто нашата "правна" држава едвај чека некој без грб да прави проблеми

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2294
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12552 на: 19 Јуни 2022, 19:36:58 pm »
Не се замарам,не знам на кој начин јас можам да ги спречам да извршуваат работи во нивен двор едино да влезам таму и да земам да тепам,а тоа не го направив,само од мојот двор кога го видов човекот со тримерот качен на скалата на 2м висина му реков да внимава и толку.Ова беше последен пат нешто што реално ми смета да пробам да најдам решение со нив на цивилизиран соседски начин.Од овој момент се ќе биде или преку адвокат и полиција.Секое пукање зимно време на петарди за да ги чистат ќумците во 5-6ч наутро,секое палење на пластики и треви наместо да го фрлат соодветно и остали глупости соодветно ќе ги пријавувам.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10608
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12553 на: 19 Јуни 2022, 20:03:04 pm »
 Лежел некогаш затвор соседот ?
Или па изаели се. Немаш друг избор овде.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12554 на: 19 Јуни 2022, 20:43:26 pm »
Дај по едно литро бензин да дојдеме 10 души да го решиме, какви закони какви бакрачи :)
Министерство за транс, поп и виски.