Да ја завршиме неделава традиционално со една рутинска милицајска контрола на прва патарина Градско. Си надополнувам на картичката mCard за патарина и гледам дека запираат. Печен сум и јас денес, си викам.
Како што ја завршив претходната, така да ја продолжам и оваа недела во предновогодишниот дух на полицијата, казните и судовите.
Ми ѕвони мајка ми - имаш препорачана пратка во пошта во Прилеп стигната. Јас не можам да ја земам пошо сум во Центар. И реков да праша само што, знам дека не може да ја подигне, мора јас лично. Ми кажува дека е од извршител кој е со адреса на Даме Груев во Центар. Случајно или намерно и јас сум на Даме Груев во Центар и го знам кој е извршителот.
Го барам и го прашувам што е проблемот. Не сте спремни драги мои карклубјани.
Во април 2017та година бев казнет за брзо возење на бул. Словенија, Скопје Север. Океј, 50 негативни поени и 3 месеци одземена возачка во зима 2020та. Не се противам, крв да ви се сторат негативните поени.
Е сега, на судската пресуда која стигнала во декември 2019та за да ми изречи казната, пишувало дека треба да платам 1000 ден за трудот кој го дал судот за изрекување на казната.
Не пишуваше.Тоа беше едно мизерно ливче скинато од тевтерче и со црвена дрвена боичка имаше напишано - з а д о л ж и т е л н о. И пошо не стигнало во една линија, продолжиле вертикално да пишуваат.
Според извршителот, со црни болдирани букви на пресудата пишувало дека требало да се плати со цел на дознака „Судски паушал“ во рок од 15 дена.
Не пишуваше.Од 1000ка, пресудата завршила на Основен суд Скопје, па оттука на извршител и се направиле 50 евриќи вкупно, за трошоци за извршителот и самиот паушал нели. 4 години се маткам со казнава, не ми се верува.
Приликава ја користам да го тагнам
@vladimir_1 , да провери за себе, во случај да има и тој такво нешто, бидејќи мислам дека не ја вози сега алфата.