Автор Тема: Mercedes - Benz neue B klasse  (Прочитано 11479 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Mercedes - Benz neue B klasse
« на: 25 Август 2011, 11:54:38 am »


Компактен спортски турер - вака ја „крстија“ новата генерација на Б-класата на Мерцедес. Може и комотно да им поверуваме на зборовите, бидејќи надворешниот изглед е драстично понервозен во однос на претходникот, со што се потенцира спортскиот потенцијал на автомобилот, чија внатрешност изобилува со многу простор... Па на тој начин, се остварува речиси идеална комбинација од динамичност и практичност, спакувани во симпатичен пакет, кој на своето чело, гордо ја носи трикраката ѕвезда.



Не е се’ до шминката, се разбира... Посветено е време и на механиката која се крие зад убавото тело. Со претставувањето на новата Б-класа, паралелно се претставуваат и новиот четири-цилиндарски бензинец со директно вбризгување и турбо натполнење, новиот дизел агрегат, новиот систем за пренос со двојна спојка, новиот мануелен систем за пренос и неколку нови електронски „дадилки“. Др. Томас Вебер, кој е член на Бордот на Менаџери, вели дека ниеден модел на Мерцедес-Бенз до сега, не претставил толкав број на новитети, во еден замав.



Внатрешноста плени со опивачка аура, која се карактеризира со префинетост, шарм, и се разбира, онаа задолжителна нишка на врвен квалитет. Има доволно простор за да се одржи регионален турнир во мал фудбал, а во зависност од состојбата на банкарското салдо, варира изгледот на кабината и потеклото на употребените материјали.



Со цел агресивниот изглед да не остане само „ветер и магла“, претставени се нови четири-цилиндарски мотори, од кои два бензинци, со моќност од 122 КС за послабиот, и 156 КС за посилниот мотор, и два дизели, кај кои едниот развива 109 КС, додека посилниот развива 136 КС. Кај сите ново-претставени мотори, карактеристична е достапноста на силата уште при ниски вртежи, благодарение на турбо-натполнењето.

Новитет во оваа класа е и 7-степениот менувач со двојна спојка, кој одлично соработува со погонскиот агрегат и беспрекорно ги менува степените, со што одлично ги комбинира комфорот на автоматскиот и ефикасноста на рачниот менувач.

Новиот 6-степен мануелен менувач има исклучително компактни димензии, и е одлично оптимизиран да понуди лесен пренос на степените, мала тежина и низок степен на триење на самите елементи во менувачката кутија.

Се разбира дека како и кај секој модерен автомобил, и кај овој има една плејада акроними кои означуваат различни електронски системи за зголемување на безбедноста и на комфорот.



Светската премиера на новата Б-класа ќе се одвива на Салонот за Автомобили во Франкфурт, од 13 до 25 септември. На пазарите во Европа ќе се појави само два месеци после премиерата.

(автор: Кристијан Ивановски)

« Последно менување: 25 Август 2011, 13:03:21 pm velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #1 на: 25 Август 2011, 12:00:23 pm »
Браво за Мерцедес! Секој љубител на комбиња ќе се пали на колава. Ова не е комбе, ова е комбе ипол!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #2 на: 25 Август 2011, 12:04:04 pm »
Па супер си е бе, шо :) Турбо-комбе ;D

Мада, ми се свиѓа на лик... Иако од комбенцата, Ford S-Max убедливо највише ми се свиѓа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vili

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 114
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #3 на: 25 Август 2011, 13:00:59 pm »
Задниов дел како паѓа кровот (односно како не паѓа) ме потсеќа на ML.

Премногу комбесто за мој вкус.

Сега ми текна, SUV со спуштено подвозје.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #4 на: 25 Август 2011, 13:01:30 pm »
Профилот ми е Шкода Фабиа Комби. Не знам, некако сум комплетно underwhelmed. Сегашната Б-Класа ми е многу поубава.

Мада, сигурен сум дека ќе биде одлично склопено и супер за возење, и комотно и све..

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #5 на: 25 Август 2011, 13:08:24 pm »
Mozele starnicno posportski da go napravat, site sega se dvizat vo toj pravec.

ali generalno gledano ne e WOW, ali solidno.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #6 на: 25 Август 2011, 13:20:38 pm »
Mozele starnicno posportski da go napravat, site sega se dvizat vo toj pravec.

ali generalno gledano ne e WOW, ali solidno.
Tака де!!! После оние скици од А класата и сите авиони што испоискочија, они лупање комбе. И тоа рачунај дизајнов треба да трае 5 години како нов и уште 20 како стар. За такво не го бива.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #7 на: 25 Август 2011, 13:27:24 pm »
Коа ке излезе од ова АМГ :) леле леле :) ем комби... ем змај :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #8 на: 25 Август 2011, 15:41:29 pm »
Коа ке излезе од ова АМГ :) леле леле :) ем комби... ем змај :)

Еве ко` за тебе Рики:
http://www.modifiedcars.com/cars/23642/brabus-mercedes-benz-viano-2010-pictures

;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #9 на: 25 Август 2011, 15:43:15 pm »
убо е :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #10 на: 25 Август 2011, 15:51:55 pm »
Супер ми изгледа.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #11 на: 25 Август 2011, 15:59:56 pm »
Добро бе што му е филмот на мерцедес со овие А и Б класата? Одвратни се! На се личат само на коли не, а посебно не на Мерцедес.
Јас би ги закопал 6 feet under и А и Б класа, одма!

А иначе конкретно за ова, се гледа дека идол му е ASX от. Личат од страна кога ги гледаш :D :D

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #12 на: 25 Август 2011, 16:03:01 pm »
Супер дизајнирано е,а и со дизел моторот со 136 кс ке биде МЕРАК ЗА ВОЗЕЊЕ :)
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #13 на: 25 Август 2011, 16:03:13 pm »
Трололололо

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Mercedes - Benz neue B klasse
« Одговори #14 на: 25 Август 2011, 16:04:32 pm »
Абе не мора да е „Тролололо“... Ипак вкус си е во прашање... Мене лично, стварно ми се свиѓа како изгледа... Веројатно никад у живот не би го купил, ама онака, на изглед, ОК ми е...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.