Некои од вас веќе знаат, некои не. Денес, во несреќа на мотор загина Атанас Милошевски, наш драг пријател, член и поддржувач на Карклуб. Човек кој секогаш беше подготвен да помогне, да се дружи и да направи сè што може за своите пријатели. Безрезервно и несебично ни излегол во пресрет секогаш кога требало, понудил помош, совет и поддршка секогаш кога тоа било побарано од него, и е еден од оние, вистински добрите луѓе кои ги запознав изминативе неколку години.
Почивај во мир, пријателе.