Имаше флеки многу и шмрљаници? Безвезе ми изгледа, рака додека не фати ништо не праиме... Тие што пафтаат последните изгледа ко да земеш на заебанција да маваш со крпа по колата. Никад не сум влегол у вакво нешто не ни планирам.
Инаку јас па мислам дека баш за зимно време не е убава работа, зошто? Наталожено еден тон кал со штемајз треба да се вади. Мрсна е колата, на пример еве моментално мојата од што е прљава е мрсна помини со прст се осеќа, неизведна кал добро и нечистотија + четка или било што што трие = милион swirls. Треба да се симне убаво нечистотијата па после да трљаш. Така да за зимно време најубаво е човечка рака да фати а не сензори и некои квази перални. Јас секад после снег кога е хард кор прљава барам прво да помине со вапот или со црево да одстои малце да омекне да искисне па после со вап појако додека не симне најмногу што може и тек тогаш пристапува со шампонот.
За чудо немаше ни флеки ни шмрљаници ни па вода по колата. Можеби дека редовно си ја перам со шампон со восок па слабо се задржува вода на нејзе. А и тоа дувалката пред тие што пафтаат е доста јака, речиси цела вода ја издувува.
Две замерки имам: нечистотијата помеѓу вратата и прагот делумно беше отстранета, бидејќи треба да се отвори врата за да се испере како што треба, и ретровизорите не беа избришани убаво од кај што е стаклото...
Инаку пред да влезеш во автоматскава перална колата ти ја поминуваат со вап, и тоа доста јак вап, така да не верувам кал да остане на нејзе. А ове четкиве се микрофибер

Бидејќи колата не беше перена 3 недели целата беше со кал, сол и снег. Се изненадив каква излезе од ова по само 2 минути
