Да не бил некој на саем ? има некој попуст за ваповиве?
edit - Е вака сега, влез е 90 денари. Ги начекав тамо Керхер, Макита, Бош, БлекИДекер и Нилфиск. Сите ги позамарав по 10тина минути да ми објаснат за производ кој ќе биде за перење на една кола и евентуално да се исчисти околу куќата.
Керхер на удар први - дечкото ме убедуваше дека моделот Karcher K 2.14 Plus бил многу слаб за тие работи, имал воздушно ладење (не водено) кое дозволува константна работа од 20 тина минути без одмор на пумпата. (јас мислам дека за тоа време ќе поминам 5 коли ко за прва рука додека не одмори за следна) Цена 80 евра - гаранција 6 месеци. Ме убедуваше да го земам тој од 300 евра што е 130 бари кој има водено ладење и го имаа на тест приклучен и да јак е трза ептен ама многу пари се тоа.
Нилфиск - малечко местенце одбрале ептен, 4 квадрата кај што имаа ставено 2 правосмукалки и 3 вапа. Прво вапот зашто го немате Nilfisk C 105 тој малиот што ви е на сајтот а и лани го имавте со добра саемска цена и попуст 5500ден? епа го немаме бидејќи: редовно доаѓаа за на сервис бидејќи многу го малтретирале моторот кој не издржувал прегревање и прекинале да го носат и затоа имаме за домашна употреба модел од 200 евра кој е 110 бари и е со воздушно ладење (тиииит) па после колешка му кажа водено и така...
БлекИДекер Значи постар човек, одлична комуникација браво. Многу фино ми објасни и плус го имал користено моделот PW 1300 и по пристапна цена од 4500 денари со 2 години гаранција (воздушно ладење, издржлив мотор, гаранцијата важи комплет вап без цревата и рачката и дека не прават никаков проблем и со некој до сега немале замерка) Ги прашав дека како овластени сервисери најчесто за што се жалат клиентите од овој модел - од тоа што контролерот исклучувал кога доводното црево имало помал притисок од 2 бара и после тоа не сака да уклучи пумпата. И кога се работи со него да има помали прекини односно да не си играш со рачката стисни пушти на кратки временски интервали.
Макита модел hw102 - човекот веројатно беше сервисер кој не беше наспан ама се потруди да ми каже дека вапот има 3 години гаранција дека чини 5999 денари, дека притисокот му е 70 бари ако по книга пишува до 100 макс, дека и таа има воздушно ладење и дека без проблем можеш да ја малтретираш половина час.
Бош не најдов вап.
се надевам на некој колку толку ќе му се најде муабетов

btw јас сеуште останав без вап но се изгледа дека ќе одберам бош или макитата (лотулс)