Си ја фатил работата како шо е ред, со време. Јас би препорачал евентуално за внатре Gyeon Interior Detailer или CarPro InnerQD наместо влажна крпа, макар шо и не мораш ако ја држиш колата генерално чиста. Ако имаш кожни елементи (волан, седишта, делови од табла), би ти препорачал да си набавиш за нив средства за чистење и одржување, и една четка за кожа. Подолго ќе останат матирани.
За надвор, немам искуство со Sonax, ама можам да го препорачам Gyeon WetCoat, прскаш на чиста, влажна кола, плакниш и то е то, неколку месеци си таман. Исто, средство/четка за бандажи? За средство имам пробано свашта, MaFra FallOut Remover би била ефтина добра варијанта, Sonax Beast би била скапа, малку подобра варијанта. За четка барај нешто меко, ако не ти е проблем буџет имаше од Gyeon една, јас ја користам подолго време и е феноменална.
Патем, ти љубоморам шо имаш перална кај шо не ти прает проблем да работиш со твоја пена, шампон и кофи. Во Охрид на единствената пристојна самоуслужна е забрането, едвај се убедувам за средство за бандажи.