Аман бе дајте 5 евра закупете еден домејн и нека суреди некој, сите нешто официјално застапници ау со линк од фејсзбук и цена имбокс..ем немам ем не се ни трудам веќе да отворам кога ќе промовира некој нешто со линк од фејс.
Веќе Фејзбук стана многу подобро од сајт. Поубаво и многу почесто е апдејтиран, со акции со се. Дури и големиве немаа сајтови. а сајт треба ажурност, а не на него да стои дека 2009та е производот ажуриран. И фб врши работа сакам да кажам.
Ама со цена инбокс ништо не правиме. Ни на сајт ни на фејзбук ни бутур. Пиши си цена одма како човечко битие. Немам намера ни да прашувам ни да се замарам за ништо. А и затоа сме станати: "цена" нација. Од глупирање со цена иМбоГс. На оглас пишал. Човече фирма отворил без цена? Па што продаваш? Зошто нема цена? Демек ќе прелажеш некој за 1800 на друг 1900 ќе му го даеш? Или?
Циркуз!
Ај да се согласиме да не се согласиме. Сајт е барем дватринаес илјади пати подобро. Ќе си филтрирам по категории, ќе си споредувам продукти, ќе си нарачам, што и да е. Фејсбук треба да се користи за промоција, не за продажба.
Од странски брендови кога бараш нешто, да не бараш на фејсбук случајно? Адидас да видиш што има промоција на фејсбук пејџот? Да им пишеш „ај испратете едни патики, 44-ка на таа-и-таа-адреса, а ако не одговара бројкот, може да ги вратам?“. Ајде бре...
Тоа што сме станати цена-инбокс нација покажува до каде сме. И за тоа колку се криви купувачите, криви се и продавачите што дозволуваат така. Ама тоа е. Другарка работеше во КликниЈади. Вика дека при сајт за нарачки, при све направено - ќе напраат нарачка на сајт, па ќе пишат порака на фејсбук за да потврдат дали е примена нарачката.
Не викам не. Може не се разбравме, подобро за мрзата да сподели нешто ново, не за купувачот. Ама и сам рече странски сајт. Кај нас чат пат некој има ажуриран сајт. Цени на прсти се бројат. Не очекувам воопшто да има сајт од наша фирма. Фирми со лагер, со се немаат сајт. Пример Електрометал, Хубо, Меркур, Бриколаж немаат сајт. А веќе ја имаат базата со производи. И не ни очекувам да имаат сајт. Сајтот ќе е гробље. Сетек имаат сајт, пола ствари се неточни на сајтот. Барем цена ќе видиш.
Сега барав едни ролни за веспа, гледам Ајтем ласт апдејтед 2012та!
Динамикс, сајт? Аха седи. Телефон не креваат месец дена, тек па сајт. На фејзбук на самитњ постови стаено БОЈИ и АЛСПУК (види фотос). И што, сајт ќе апдејтува... Ќе стојат модели од 1994та.
Да, не е тешко, таман работа да е тешко. Ама ете дали 5% го прават. А цена на сајт немам видено ни на 0.5% од сајтовите.
Секоја чест на Анхоч, Нептун, Техномаркет, Галерија, Камуфлаж, и остало кои се стално со свежа информација или колку толку точни и можеш да се ослониш на сајтот и со цени и со се.
