Прв мој пост на форумов, иако веќе неколку години сум регистриран. Иначе, редовно ве читам.

Да се надоврзам на муабетов од последниве постови. Слично како кај момциве, и мене ми се деси таков проблем после перење во Гала пералната.
И јас имам ставено ќерамика на колата, првиот пат кога ја перев во Гала, колата не ми беше многу прљава, па ја пројдов само со осмоза, колку да се бутне прашината, ми се виде како интересна опција за на брзина прочистување, па вториот пат користев и од нивниот шампон. Си викам, таман брзо перење за 75 денари во услови кога колата не е многу прљава. Ама следниот ден, се симињам во гаража и забележувам како флеки прашина на колата, зимам крпа да пројдам и сфаќам дека керамиката е изедена.
Флеките како што пишале и погоре, се гледаат само под сенка и под одреден агол.
Гледам дека членот M3V8 има ист проблем, но он не ја перел во Гала. Претпоставувам таму кај што ја перел исто имале некој лош шампон што ја направил бељата, не гледам од што друго би можело да биде.
Има на форумов луѓе што се занимаваат со керамика, па нека пишат дали може да се јават такви флеки од друго нешто, да не испадне дека џабе правиме лоша реклама.