Дечки не знам дали има ваква тема не успеав да ја најдам, ако има слободно директорот нека ја избрише оваа.
Поентата ми е да размениме информации од заедничко искуство од која земја увезените половни коли во глобала се најочувани пр. Германија, Франција, Австрија, Италија, Словенија итн (Бугарија ич не ја ставам у есап). За Австрија гласеше дека се обично кородирани поради тоа што фрлаат многу сол на улиците. За Италија на страниве гледам дека колите се дури 500 евра поевтини во споредба со Германија, што мислите за тоа.