Подготвувајќи го цели четири години, Volkswagen на малиот Up! му даде големи можности. Малиот автомобил уште пред да се појави располага со моќен харизматичен дух, кој му ги даваат максимално искористениот простор, суперлативната функционалност, ефикасните мотори и безбедноста како кај големите автомобили. Специјално внимание, нормално, е посветено на урбаното движење, кое должината од 3,54 и широчината од 1,64 метри значително му го олеснуваат. Внатрешноста обмислена до последен детаљ е направена така да им се бендисува на луѓето од сите возрасти, а редефинирањето на досегашниот начин на понуда со екстремно зголемени можности за прилагодување на возилото кон сечии потреби, ќе ги промени и критериумите по кои досега се водеа купувачите при избор на нов автомобил.
Од Volkswagen велат дека со Up! уште еднаш имаат намера да го „демократизирааат" возењето автомобил, заради што и параметрите по кои се имаат водено при неговото конструирање беа различни од вообичаените. Но, иако со дизајн многу сличен на оригиналниот концепт, тривратниот мини автомобил мораше да се откаже од за VW добро познатиот концепт „сé назад", така што моторот и погонот ќе му бидат напред. Публиката за прв пат ќе го види на салонот на автомобилите во Франкфурт, а во продажба ќе се најде веќе од декември, со нова генерација трицилиндрични еднолитарски бензински мотори од 60 и 75 KS. Верзијата со погон на природен гас ќе има 68 KS, а од 2013 година Up! ќе биде на располагање и со електричен погон.
Ќарено од
Авто+. Повеќе слики имате
тука.