Автор Тема: Chevrolet Aveo  (Прочитано 10351 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34066
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #15 на: 09 Мај 2014, 13:39:04 pm »
Јас го возев новото Авео на тест и и се допадна многу несекојдневниот дизајн на кокпитот. Внатре е многу тивко (овој беше бензинец) и хендлингот беше сосем нормален како и кај други коли. Со дизелот не би знаел колку ке е тивок. Лоши патишта веројатно го возел старото, но новото има сосеем нормално подвозје. На дупки малку тропа а е генерално тврдо возењето.

Со оглед на тоа што Авеото многу многу добро се продава во америка веројатно е и добро возилото по повеќе показатели. Јас би рекол дека за 8-те иљади евра е одличен пазар.

Ова под услов да збориме за новото Авео, за старото не знам, но мислам и дека немаше дизел мотор во старото.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #16 на: 09 Мај 2014, 16:50:45 pm »
Nekoj sporedi BMW 7mica i Aveo?? Really ??


Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3797
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #17 на: 09 Мај 2014, 16:56:35 pm »
Jbg forum se i sesto ke vidis i ke procitas ;)
« Последно менување: 09 Мај 2014, 17:08:56 pm Roci »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54952
  • Махер
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #18 на: 09 Мај 2014, 16:57:06 pm »
И јас ова со Калосов ми е прв пат чуено. Изгледа феномен е колата. Треба да се истестира и да се документираат тие магични карактеристики кои ги нуди.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34066
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #19 на: 09 Мај 2014, 17:38:48 pm »
Епа точно е дека треба да се проба колата па да се даде коментар.

Nekoj sporedi BMW 7mica i Aveo?? Really ??



Никој не спореди BMW со Aveo, немој и ти да бидеш сега dick. Прочитај што пиша Лоши патишта.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29596
    • CARclub.mk
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #20 на: 09 Мај 2014, 17:42:44 pm »
Јас сериозно, најсериозно не би му препорачал Авео на никого. Ни претходното, ни сегашното. Никого не го мразам толку за да му препорачам Авео.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34066
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #21 на: 09 Мај 2014, 17:46:40 pm »
Никого не го мразам толку за да му препорачам Авео.

Освен што го мразиш самото Авео ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29596
    • CARclub.mk
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #22 на: 09 Мај 2014, 17:54:22 pm »
Не го мразам. Имам објективни аргументи против него. За тие пари би препорачал купување година дена стар Форд Фокус или нешто слично.

Во денешно време ретко има лоши коли. Авеото е лоша кола. Македонија ќе стане за нијанса поубаво место за живеење кога Авеото конечно ќе престане да се продава кај нас.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34066
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #23 на: 10 Мај 2014, 08:25:16 am »
Леле леле леле..... Какви драми.... ;D
Ај пиши што не ти се свиѓа кај Авеото и зошто е лоша кола? Пошто еве имаме тема за истото.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #24 на: 10 Мај 2014, 10:10:06 am »
Колку за документација, јас ги возев:
2004 Kalos 1.4 Hatch
2005 Aveo 1.2 Hatch

За мене пример многу лоша нова кола беше Фобиа 1.2 2009. Тој моторот брчеше во кабината како ... нешто помеѓу машина за перење и хеликоптер. Останатите работи на колата си се ок. Исто така 1.4 тди во истата кола не е ништо подобар (во звук)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29596
    • CARclub.mk
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #25 на: 10 Мај 2014, 11:14:41 am »
Леле леле леле..... Какви драми.... ;D
Ај пиши што не ти се свиѓа кај Авеото и зошто е лоша кола? Пошто еве имаме тема за истото.

Драми-не-драми, тоа ти е. Имам изградено некакво мислење за колата.

1. Дизајнот дури ми се свиѓа. Во споредба со претходното е квантен скок напред. Малце заличува на Лансер од напред.
2. Пластиките во ентериерот се драстично подобрени во однос на претходниот модел, ама пак се генерално груби, тропкави и неубави. Фит & финиш беа на места жалосни.
3. Изолација? Која изолација. Лансер има повеќе изолација.
4. Моторот (некој бензинец, не знам точно кој) работеше грубо и нерафинирано.
5. Некомотни седишта.
6. Пливасто а труцкаво. Истовремено се љуља и пренесува вибрации.
7. Најважно - внатре СМРДИ. Ама смрди до оној степен да морам да отворам прозор на автопат во среде јануари за да не повратам внатре.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #26 на: 10 Мај 2014, 11:22:03 am »
Ама кажи во колку коли си го осетил истиот мирис.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54952
  • Махер
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #27 на: 10 Мај 2014, 11:23:28 am »
Дачија.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29596
    • CARclub.mk
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #28 на: 10 Мај 2014, 12:17:16 pm »
Во Авеото мирисот не можам баш да го дефинирам, али одвратен беше.

Во Дачија Дастер во салон кога влегов издржав цели 10-тина секунди. Мирисот на пластиките беше overwhelming. Претпоставувам пред да ги дадат на новите сопственици ги оставаат по месец-два со отворени врати, да се излуфтираат.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Chevrolet Aveo
« Одговори #29 на: 14 Мај 2014, 03:17:04 am »
Ако авеото е доста лоша кола, што да кажеме за Лада 110 која е/беше во ист ценовен ранг ?
« Последно менување: 14 Мај 2014, 03:27:34 am FiLo »