Автор Тема: Животно осигурување  (Прочитано 25181 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Животно осигурување
« Одговори #15 на: 24 Април 2014, 20:18:48 pm »
Има и добра работа што се нуди и се вика УИ програм наменет за вработени лица до 50 год. возраст. Ова е заштита од болести. Доколку не дај боже боледувам повеќе од 40 дена, да речеме 6 месеци, Граве уплаќа пари во мое име на моја сметка за тие 6 месеци што не сум бил во можност да земам фул плата.
EDIT: Сега видов дека имам грешка, програмов ^ не се вика УИ туку АУЗ програм. :)

Заборавив за Дени: од тие 17 начини за зимање на парите има опција за доживотна пензија. Ова значи дека ти ќе си ја зимаш каматата (7%) од твоите заштедени пари како пензија, а сите заштедени пари се наследни. Значи каматата ти е пензија, заштедените пари си стојат сите на купче и го чекаат наследникот. 7% на 40 000Е се 2800 Е годишно или околу 230 Е месечно.
« Последно менување: 25 Април 2014, 12:03:23 pm Bojan j »

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Животно осигурување
« Одговори #16 на: 24 Април 2014, 20:26:25 pm »
топ е искрено, кај мене дома сите 4ца сме осигурани(татко ми, мајка ми, сестра ми и јас), стариот најпрвин не осигура мене и сестра ми, за превентива, пошто 3 пати ни влегоа дома, а после за штедење, баш ги памтам зборовите на стариот за недајбоже ќе се погоди некој дома у паника бог знае што може да направи џанакот... ако е за тебе и работиш физичка работа, гоу фор ит, и ако имаш пари и фамилија, осигурај ги и нив...
No turbo, no fun :)

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Животно осигурување
« Одговори #17 на: 25 Април 2014, 02:09:27 am »
Бојан беше на прошлиот семинар ? :)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Животно осигурување
« Одговори #18 на: 25 Април 2014, 10:54:17 am »
Бојан беше на прошлиот семинар ? :)
Не, сум бил на повеќе до сега, на памет ги знам :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55047
  • Махер
Одг: Животно осигурување
« Одговори #19 на: 25 Април 2014, 11:01:52 am »
Има и добра работа што се нуди и се вика УИ програм наменет за вработени лица до 50 год. возраст. Ова е заштита од болести. Доколку не дај боже боледувам повеќе од 40 дена, да речеме 6 месеци, Граве уплаќа пари во мое име на моја сметка за тие 6 месеци што не сум бил во можност да земам фул плата.

Заборавив за Дени: од тие 17 начини за зимање на парите има опција за доживотна пензија. Ова значи дека ти ќе си ја зимаш каматата (7%) од твоите заштедени пари како пензија, а сите заштедени пари се наследни. Значи каматата ти е пензија, заштедените пари си стојат сите на купче и го чекаат наследникот. 7% на 40 000Е се 2800 Е годишно или околу 230 Е месечно.
Фала за одговорот, сега го прочитав со закаснение.
Фин муабет направи, само накратко ако знаеш и ова: Дали може и тие рецимо 40.000еур да се доделат како пензија згора на 7% или колку и да е.

На пример 40.000еур/15/12 = 222еур грубо. Сосе тие 230еур, би ти дошло околу 450еур месечно на почетокот, па полека ќе се намалува сумата низ 15те години. Ама сакам да кажам да земам 450еур месечно, што е некој минимум за преживување. И плус ако дочекаш државна пензија, згора на овие. И дивидендите да закрпат дупки и одмори.

Вака ми делува во ред на прв поглед муабетот.

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Животно осигурување
« Одговори #20 на: 25 Април 2014, 11:52:58 am »
@Deni

Овие 230-300 евра ( 4-7 % во зависност од добивката ) можеш да ги добиеш само во случај на вечна рента, и се од наследен карактер.

Меѓутоа има и друга опција т.е овие заштедени пари сакаш да ги распределиш во наредните 10 години, или 4000 евра годишно. Останатите 36000 остануваат во компанијата, и таа работи со нив, и се остварува добивка 4-7 %. И секоја година така дури не подигнеш се. Што на крај ке ти испадне наместо 10 години, да добиваш грубо 15 години по 4000-ки.

Ако не те разбрав добро, корегирај ме.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Животно осигурување
« Одговори #21 на: 25 Април 2014, 11:58:08 am »
Има и добра работа што се нуди и се вика УИ програм наменет за вработени лица до 50 год. возраст. Ова е заштита од болести. Доколку не дај боже боледувам повеќе од 40 дена, да речеме 6 месеци, Граве уплаќа пари во мое име на моја сметка за тие 6 месеци што не сум бил во можност да земам фул плата.

Заборавив за Дени: од тие 17 начини за зимање на парите има опција за доживотна пензија. Ова значи дека ти ќе си ја зимаш каматата (7%) од твоите заштедени пари како пензија, а сите заштедени пари се наследни. Значи каматата ти е пензија, заштедените пари си стојат сите на купче и го чекаат наследникот. 7% на 40 000Е се 2800 Е годишно или околу 230 Е месечно.
Фала за одговорот, сега го прочитав со закаснение.
Фин муабет направи, само накратко ако знаеш и ова: Дали може и тие рецимо 40.000еур да се доделат како пензија згора на 7% или колку и да е.

На пример 40.000еур/15/12 = 222еур грубо. Сосе тие 230еур, би ти дошло околу 450еур месечно на почетокот, па полека ќе се намалува сумата низ 15те години. Ама сакам да кажам да земам 450еур месечно, што е некој минимум за преживување. И плус ако дочекаш државна пензија, згора на овие. И дивидендите да закрпат дупки и одмори.

Вака ми делува во ред на прв поглед муабетот.
И јас ќе ја напишев истата опција како Ученик.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55047
  • Махер
Одг: Животно осигурување
« Одговори #22 на: 25 Април 2014, 11:58:25 am »
@Deni

Овие 230-300 евра ( 4-7 % во зависност од добивката ) можеш да ги добиеш само во случај на вечна рента, и се од наследен карактер.

Меѓутоа има и друга опција т.е овие заштедени пари сакаш да ги распределиш во наредните 10 години, или 4000 евра годишно. Останатите 36000 остануваат во компанијата, и таа работи со нив, и се остварува добивка 4-7 %. И секоја година така дури не подигнеш се. Што на крај ке ти испадне наместо 10 години, да добиваш грубо 15 години по 4000-ки.

Ако не те разбрав добро, корегирај ме.
Мислам дека сме на иста фрекфанција. Значи сакав да речам дали може некако после истекот на тие 25-30 години, да си земам по 500еур месечно додека има пари на сметката. :) :) :) Нешто налик тоа ми одговори ти.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Животно осигурување
« Одговори #23 на: 25 Април 2014, 11:59:51 am »
Може.
Дени, ти кога би се одлучил би те посоветувал да направиш на повеќе години, односно на 35 год траење, таман на 63 год. во пензија, а тогаш верувај ми старосната граница ќе биде 67 за мажи. А ова е подобро затоа што програмот можеш да го скратиш, ама не можеш да го продолжиш. Ако направиш на 25 год и ако сакаш да го продолжиш, нема да можеш, ќе мораш се од почеток. Ако го направиш на 35 може кога и да ти текне да го скратиш.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3080
Одг: Животно осигурување
« Одговори #24 на: 25 Април 2014, 14:49:48 pm »
@Bojan j

Што е разликата помеѓу G1 и Елите, во кратки црти?

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Животно осигурување
« Одговори #25 на: 25 Април 2014, 15:22:57 pm »
За Г1 не би знаел да ти кажам зашто не го работам тој програм. Јас го објаснувам СафеЛифе програмот. А Елите е заштита од 9 тешки болести и штедењето функционира исто. Инаку во блиска иднина (ако веќе и не е променето) Елите ќе биде заштита од 15 или 16 тешки болести. Не занм до каде е таа промена зашто не сум во тек со тој програм...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55047
  • Махер
Одг: Животно осигурување
« Одговори #26 на: 17 Мај 2014, 10:34:22 am »
Дали има можност некако да си ги изгубиш парите односно да не те покрие осигурувањето?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Животно осигурување
« Одговори #27 на: 17 Мај 2014, 13:20:16 pm »
Кај нас парите во животното осигурување не се сметаат за класичен тип на депозити во банка и не се гарантира заштитата како кај вториве од државните институции. Исто како и кај портфолио инвестициите. Колку пари толку музика.

Е сеа осигурителниве компании можат да ги реосигураат влоговите но друго е кога ти гарантира твојата држава а друго е кога ти гарантира странска компанија.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43915
  • Il Moderatore
Одг: Животно осигурување
« Одговори #28 на: 17 Мај 2014, 13:26:38 pm »
Шо би се рекло, орочи средства у банка, и секој месец наместо на граве-маве сава-дунав, ставај по 20е во банка. Кога ќе стигнеш до 20.000 евра, стај во друга банка.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Животно осигурување
« Одговори #29 на: 17 Мај 2014, 13:39:33 pm »
А трето е кога те осигурува компанија која работи 185 години, која преживеала две светски војни, распаѓањето на Австро-Унагарија, реосигурување во компанија која ги има осигурано 80% од авионите во светот, која исплатила милијарди долари осигурани суми кога се срушиле кулите близначки. Да, за моите и вашите 30 000 Е ќе пропаднат. Конкретно за Граве, има преку 2 000 000 метри квадратни недвижнини, инвестира само во недвижнини и поседува 3 банки. Вашата полиса се реосигурува во Munich Re Group, они ја реосигуруваат во швајцарска осигурителна компанија (ама ич не ми текнува името) за на крај да се реосигура во LLOYD. Моментално Граве има влог (за кој има доказ од централен регистар) од 3 000 000 Е во државава со кои гарантира, а пред 7 години кога за прв пат влегле во МКД имале влог 750 000 Е.
Вие и понатаму штедете ги парите под перница или во нашите квази банки кои btw ви даваат камата од 2/3 %.

Deni, има можност ако дадеш лажни податоци при правењето на понудата, односно да се излаже за некоја болест и слично. Инаку ако е се цакум пакум и точно, мало сутра. Не е ова Тетовска компанија од вчера или ТАТ.