Автор Тема: Животно осигурување  (Прочитано 24631 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Животно осигурување
« Одговори #30 на: 17 Мај 2014, 13:56:40 pm »
Кроација некако најфини услови нуди гледам доста е фаворизирана од луѓево. Може да грешам. Тоа пресметките што ги кажа Бојан за Кроација беа? Има ли нешто документче, ги пролистав сајтовите никако да најдам, каде се пишани тие бројки и проценти.
« Последно менување: 17 Мај 2014, 14:07:45 pm Deni »

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Животно осигурување
« Одговори #31 на: 17 Мај 2014, 14:00:17 pm »
Не се за Кроација, за Граве се, програм СафеЛифе. Кроација не нуди најдобри услови, ние нудиме. Кај Кроација немаш флексибилни уплати, има x2 осигурана сума при не дај боже смрт од несреќен случај, кај нас е x3. Најфаворизирана е затоа што обрнуваат големо внимание на маркетингот. Граве не прави такви работи и се рекламира од човек на човек. Многу ретко можеш да најдеш билборд или реклама за Граве. И нема да ги најдеш процентите и бројките на сајт. Мислам дека кај сите компании ги нема тие работи на сајт.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Животно осигурување
« Одговори #32 на: 17 Мај 2014, 14:02:21 pm »
Да во право си 52% имаат граве http://www.doiserbia.nb.rs/img/doi/0013-3264/2012/0013-32641294107A.pdf

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Животно осигурување
« Одговори #33 на: 17 Мај 2014, 14:10:27 pm »
А трето е кога те осигурува компанија која работи 185 години, која преживеала две светски војни, распаѓањето на Австро-Унагарија, реосигурување во компанија која ги има осигурано 80% од авионите во светот, која исплатила милијарди долари осигурани суми кога се срушиле кулите близначки. Да, за моите и вашите 30 000 Е ќе пропаднат. Конкретно за Граве, има преку 2 000 000 метри квадратни недвижнини, инвестира само во недвижнини и поседува 3 банки. Вашата полиса се реосигурува во Munich Re Group, они ја реосигуруваат во швајцарска осигурителна компанија (ама ич не ми текнува името) за на крај да се реосигура во LLOYD. Моментално Граве има влог (за кој има доказ од централен регистар) од 3 000 000 Е во државава со кои гарантира, а пред 7 години кога за прв пат влегле во МКД имале влог 750 000 Е.
Вие и понатаму штедете ги парите под перница или во нашите квази банки кои btw ви даваат камата од 2/3 %.

Deni, има можност ако дадеш лажни податоци при правењето на понудата, односно да се излаже за некоја болест и слично. Инаку ако е се цакум пакум и точно, мало сутра. Не е ова Тетовска компанија од вчера или ТАТ.

Не се возбудувај Бојан ј. Дени побара одговор и доби непристрасен одговор. Јас со моето познавање сум должен да го информирам за прашањето кое го постави. Јас не претпоставувам, јас кажувам како се законските прописи.

Инаку и мене животното осигурување ми е интересно од апрект на споредба помеѓу класични депозити и овој тип. Се си има свои предности и недостатоци. Да беше идеално тоа што го зборувап денеска немаше да постојат банките и штедните влогови.

И за твое инфо, и Леман бротхерс беа од 19 век и преживеаа две светски војни, па се случи тоа што се случи. А да не беше државниот bail-out работите ќе беа многу повозбудливи за многу банки и финансиски институции. Знаеш, работите во финансиите се крајно поврзани, како во каскада ако еден сад пресуши ќе пресушат и другите. Во светот ништо не е сигурно за финансиска добивка. Сигурно е дека ќе умреш и ќе платиш данок.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Животно осигурување
« Одговори #34 на: 17 Мај 2014, 14:14:53 pm »
^Точно. Поверојатно е да пресуши наша банка која ако сака човек може да ја продаде кога сака, отколку компанија која работи 200 години. Банките се направени да не крадат. При наша чиста свест тие не крадат легално. Затоа и постојат. Не постојат за да ни помогнат. Ама кога би бирал помеѓу КБ, СТБ, НЛБ и овие компании, се знае каде ќе оди мојот глас. Да можам денар не би дал во државава, зашто за возврат ќе добијам голема нула.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Животно осигурување
« Одговори #35 на: 17 Мај 2014, 14:19:26 pm »
Државното не ти бега, тоа си е задолжително до некаде. За плус зборуваме тука.

Неможам да најдам Сејф Лајф во македонија само тие Г сериите ги има на сајтот. Прочитав од српскиот се снајдов колку толку.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Животно осигурување
« Одговори #36 на: 17 Мај 2014, 14:22:28 pm »
Бојан, се обидувам тука да ти го раширам видикот ти упорно ... Разбирам дека работиш и си осигуран во твојата компанија, но човече пишуваме на форум, не сме на пазар па да се убедуваме. Немора по секоја цена да напаѓаш одреден финансиски сектор. Овде не сме да заработиме нешто, овде сме да изнесуваме мислења. Квантитетот во одговорите не треба да го даде квалитетот и поентата.

Фонд за осигурување на депозити

http://www.fodsk.org.mk/mac/profile.asp

И за твое инфо, компаниите постојат за да заработат. Ти за што се трудиш толку да реплицираш ?

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Животно осигурување
« Одговори #37 на: 17 Мај 2014, 14:22:28 pm »
Нема на македонски сајт, има една страна ама нема никакви детални информации. Прочитај на српски сајтови истото е.

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Животно осигурување
« Одговори #38 на: 19 Мај 2014, 12:17:26 pm »
Програмот не се вика SafeLife туку Elite. SafeLife е фирма ќерка на Граве и само таа може да го продава Elite.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Животно осигурување
« Одговори #39 на: 19 Мај 2014, 12:45:44 pm »
Имавме 4 полиси во Граве од пред 10+г,одевме до Белград да уплаќаме,нема превара со тоа,а и убава работа е,само да имаш услови.Кога ги раскинав полисите видов малку мака со исплатата на парите,но тоа беше ради тоа што не беа уплаќани од МК,па затоа неможеа да ми ги пуштат тука,ама направивме комбинација па на крајот немаше проблем.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Животно осигурување
« Одговори #40 на: 19 Мај 2014, 15:20:53 pm »
Програмот не се вика SafeLife туку Elite. SafeLife е фирма ќерка на Граве и само таа може да го продава Elite.
Elite e друг програм  ;)

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Животно осигурување
« Одговори #41 на: 20 Мај 2014, 15:03:52 pm »
^ Цело време ја споменуваш заштитата од болести која е дел само од Елит програмот. СејфЛајф е без заштита од болести и се нуди во одредени случаи.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1504
Одг: Животно осигурување
« Одговори #42 на: 20 Мај 2014, 15:08:15 pm »
За Дени : Уф, ќе ти дадам пример кој ми е извежбан, а кој не се разликува многу од твојот :)
Човек од 30 год прави полиса на 30 год. по 500Е годишно.
Заштедени пари за тие 30 години има 15 000Евра (15 по 30)

Поради фактот што си се одлучил за штедење во компанијата, тие те наградуваат со одреден процент загарантирана добивка во зависност од траење на осигурувањето, односно за 30 год. траење добивката е 65%, за 40 години добивката е 107%.
 
65% на 15 000 Е се отприлика 7500Е. Ти имаш 22 500Е.
На сега има една работа што ја нуди само СафеЛифе и се вика заштита од инфлација односно дека тие 500 Е денес не вредат како тие 500Е за 30 год. Оваа работа се рачуна како дополнителни 2% на годишната премија кои се плаќаат, односно оваа год. 500Е, наредна година 500Е + 2%= 520 и тн. Ова е дополнително и не е задолжително и може да се почне или прекине кога човек сака.
На тие 22 500 Евра заштедени пари се додаваат овие 2% годишно и се добиваат отприлика уште 19 000 Е. Тоа е грубо 40 000Е твои пари. А си заштедил само 15 000. Ова го нема во ниту една банка. Ако се одземе оваа заштита од нивните камати, останува 2-3% камата што е ништо.

За Ахтунг: Првите 3 год. е задолжително плаќањето затоа што твојата полиса се реосигурува во LOYD (отвори гугл и прочитај кои се LOYD). После таа трета година, плаќањето е флексибилно односно ако немаш пари, не мораш да уплатиш. Наредната ако имаш 500Е можеш сите да ги уплатиш иако полисата ти е да речеме на 300Е. Наредната пак немаш, пак не мораш и тн.

Роци, премногу прашања за да ти одговорам од работа... Ај едно по едно :D

И да ги замениме поимите плаќање со поимот Уплаќање затоа што овие пари не ги губите како при плаќање.
Koj garantira za ova , go ima li ova na dokumet(dogovor) deka ke ti dadat +7500 evra ako se osig.na 30 godini (65% на 15 000 Е се отприлика 7500Е. Ти имаш 22 500Е.)??? Oti nekako ne mi e za veruvanje ???  Primer : nekoj so mnogu $$$ uplaka 100.000 evra i posle 30 god. negovite deca ke treba da dobijat + 65.000 = 165.000 evra , taka? A sto ke se sluci dokolku umre toj so mnogu $$$ pari ?Ke treba da mu se isplati dupla 165.000 * 2 ??? Od kade zarabotuva kompanijata za osig. togas ???

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Животно осигурување
« Одговори #43 на: 20 Мај 2014, 15:14:14 pm »
Нормално дека го има како документ.

А трето е кога те осигурува компанија која работи 185 години, која преживеала две светски војни, распаѓањето на Австро-Унагарија, реосигурување во компанија која ги има осигурано 80% од авионите во светот, која исплатила милијарди долари осигурани суми кога се срушиле кулите близначки. Да, за моите и вашите 30 000 Е ќе пропаднат. Конкретно за Граве, има преку 2 000 000 метри квадратни недвижнини, инвестира само во недвижнини и поседува 3 банки. Вашата полиса се реосигурува во Munich Re Group, они ја реосигуруваат во швајцарска осигурителна компанија (ама ич не ми текнува името) за на крај да се реосигура во LLOYD. Моментално Граве има влог (за кој има доказ од централен регистар) од 3 000 000 Е во државава со кои гарантира, а пред 7 години кога за прв пат влегле во МКД имале влог 750 000 Е.
Вие и понатаму штедете ги парите под перница или во нашите квази банки кои btw ви даваат камата од 2/3 %.

Deni, има можност ако дадеш лажни податоци при правењето на понудата, односно да се излаже за некоја болест и слично. Инаку ако е се цакум пакум и точно, мало сутра. Не е ова Тетовска компанија од вчера или ТАТ.

Друга работа, мислам дека имаше лимит на колку максимум може да се уплати за штедењето (нешто ми е у глава 3000 евра годишно или така нешто).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1504
Одг: Животно осигурување
« Одговори #44 на: 20 Мај 2014, 15:45:55 pm »
Dokolku nekoj moze i saka da postira slika od toj dokument (ako ima takov, kade sto jasno pisuva deka ke mu se isplati +65% na liceto koe ke se osigura posle 30 godini, ili pak 107% posle 40 godini). Pa site da mozeme da videme deka stvarno ke se isplati taa suma. Moe mislenje e, a sigurno ima i drugi koi mislat deka ovaa rabota e nekako nerealna. I ako znaete da kazete od kade zarabotuva ovaa kompanija ???