Колата МОРА да поседува ТИФ, ТУВ ( сите различито го изговараат ) за ЕУР3 или ЕУР4 стандард.
Ако го немаш документот ти го вадат АМСМ, дури мислам дека и на царина проверуваат дали ги задоволува колата стандардите.
Преправки од ЕУР2 во ЕУР3 или обратно мислам дека не може.
Зошто да не може од еуро 2 во еуро 3. Да речеме кај бмв е46 од 1998ма до септември 1999та задоволуваат ЕУро 2 стандарди. Колите произведени од октомври 1999та задоволуваат еуро 3.
Самите стандарди се дефинираат само со софтверска калибрација.
И сега како ќе постапи државата/фирмата која извршува хомологација? Кога програмирање на е46ка за задоволување различни еколошки стандарди трае 20 минути?
Или зошто царина ја интересира дали колата задоволува некакви стандарди, кога тие не се орган кој дава дозвола за пуштање во сообраќај на одредено возило?
Затоа сум склон да верувам на Ахтунг, дека со “подмачкување“ може да се увезе кола која и не задоволува еуро 3 стандарди. Затоа што постојат вакви работи што ги опишав погоре.