Колку што можев да видам во темницава добро е возилцето. Доста зачуван е интериерот, има крем кожни седишта со електрично подесување, меморија и греачи и се во одлична состојба за кола од 2002год и богзнае колку км(190ккм е на табла). Има шаржер, навигација и остали пропратни работи. Се на се одлично зачуван ентериор И фали едно добро полирање на бојата и светлата и ксенон кит, доста слабо светат сегашниве. Ја однел вујко ми колава на проверка во некој Алфа сервис во Ѓорче, мајсторот се викал Илија. Треба да се сменат семеринг на мењачот некој, некој си гумици на едното задно тркало и балансштангла. Моторот бил во Ок состојба, но приметив дека за да го запалиш треба доста верглање, односно сигурно 2 сек верглав за да ја запалам што ми се виде како многу. Првиот пат не успеав кога пробав со нормално верглање како што палат сите коли, но тоа може да е и од банални причини така што верувам ќе се среди.