Автор Тема: Лепење на надворешен ретровизор  (Прочитано 2277 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Лепење на надворешен ретровизор
« на: 18 Април 2014, 21:53:32 pm »
Дали некој знае како да го залепам држачот на надворешниот ретровизор, со кој лепак или каде да го однесам? Значи стаклото е неоштетено ама држачот (пластиката која е фиксирана на вратата е скршена.

Или барем контакт кој може да ми донесе од отпад некој од Грчка ваков дел.

Вака изгледа ретровизорот:


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Лепење на надворешен ретровизор
« Одговори #1 на: 18 Април 2014, 22:50:21 pm »
Имаш во Хубо маркет двокомпонентен лепак, епоксидна смола, која суши за 24 часа. Ке залепи 100%
Цена околу 250 денари - гледај да биде Bison производителот.
Поздрав
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Лепење на надворешен ретровизор
« Одговори #2 на: 18 Април 2014, 22:56:46 pm »
Ако е пластика ќе го залепи и  К+Д лепак на wurt јас го користам за лепење на пластифициран лим ама после ако треба да го вадиш незнам дали ќе може да се извади оти доста солидно лепи  ;D . Го имаш и на други производители немора да е на Wurt......

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Лепење на надворешен ретровизор
« Одговори #3 на: 18 Април 2014, 23:38:42 pm »
А за што кола треба ретворизор и кој (возач/совозач)?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Лепење на надворешен ретровизор
« Одговори #4 на: 18 Април 2014, 23:41:39 pm »
Имаш во Хубо маркет двокомпонентен лепак, епоксидна смола, која суши за 24 часа. Ке залепи 100%
Цена околу 250 денари - гледај да биде Bison производителот.
Поздрав

Poxypol во Бриколаж. Одличен се покажа.  Сум користел и  UHU двокомпонентен за некои делови, исто така многу ефикасен. Општо, не сум имал промашај со двокомпонентни лепаци :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Лепење на надворешен ретровизор
« Одговори #5 на: 19 Април 2014, 00:58:28 am »
Фала на одговори ќе пробам уште утре да пазарам некој двокомпонентен.

Иначе се работи за Toyota Corolla Е12 2002-2007 модел (2005 има редизајн, не знам дали се исти ретровизорите)  совозачки ретровизор. Ако е некоја пристојна цена би си купил нов.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Лепење на надворешен ретровизор
« Одговори #6 на: 19 Април 2014, 11:28:09 am »
Поксипол дефинитивно. Го имаш во Хубо земи од големото пакување сив, не проѕирен. Со тој лепак можеш и тркалата да ги залепиш место да ги штрафиш.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Лепење на надворешен ретровизор
« Одговори #7 на: 19 Април 2014, 14:28:15 pm »
thumbs up за поксиполчето :D

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Re: Лепење на надворешен ретровизор
« Одговори #8 на: 19 Април 2014, 21:45:24 pm »
Денес не работеше Хубо, а бев решен да го направам па земав од еуротулс епоксиден двокомпонентен лепак.
Вака добро изгледаше кога го залепив.

Ќе ставам слика од лепакот утре.

Дополнување:

Еве ја сликата од лепакот што го користев:



Сега за сега држи цврсто.
« Последно менување: 20 Април 2014, 09:48:13 am AUUU »