Спреевите за гуми се одлична работа не само за коли туку и за мотрорцикли, а се разбира згодни се и за малите скутери, поради немање на резервна гума. Од досегашното искуство истите ја извршуваат во целост својата функција ако станува збор за класично бушење на гума, од шајка, штраф и слично. Нормално е дека нема да помогне во случај на кинење на гумата или ако некој љубоморен комшија ви збрцал нож претходната вечер. Исто така не помага и кога гумата ке ви ја малтретираат во автопералните, за да ја светнат, а со тоа и прават трајни последици, кои се покажуваат веке на првата делница на отворен пат ( Гума не смее да се шприца директ со WAP )
При купување на спреевите обрнете внимание да обата краја имаат метален завршеток на сревцето, бидејки пластичните пукаат при употреба. Сонакс е една од марките што има метални завршетоци и фунционираат одлично.
При користење на спрејот, битно е да се запазат неколку работи. Самата боца од спрејот да не е ладна ( преку зима на пример ) и може да се користи топлина од моторот за мало загревање. Ѕиваната на гумата треба да е во највисоката точка на бандашот, и после пумпање веднаш да почне да се вози, како смесата од спрејот би се нанела рамномерно на внатрешноста на гумата. На првата бензиска, се проверува притисокот на гумата.
Имам случаеви каде што гумите залепени со ваков спреј терале и подолг временски период без поправка на вулканизер иако производителот на спрејот тоа не го препорачува.
Со правилна употреба и квалитетен спреј, ваков спреј е добро да го има во секој гепек . Особено преполна како на одмор кога се оди, па треба цел багажник да го извадиш надвор.