Фала дечки... планот ми е 1000 денари капар и да го земам на проба. Ако проработи - го доплаќам цела сум , ако не го враќам...
Ваков случај имаа мои роднини со Фиат 1300... стоен 5 години, пушти на механичар, и потоа 30 000 безгрижно си помина колата додека му требаше... затоа и се заангажирав...
Внатре клиповите да се полнат со нафта, картерот ќе го извадам и ќе исчистам со нафта внатре исто...
Моторот можам да го земам за ефтини пари, затоа инсистирам. Е сеа, шкода ако отвориш за карики - хилзни, лагери, заптивачи на хилзна - не ти бега... затоа реков можда ќе си поминам поефтино...
Онак... што да очекувам од кариките?
со клуч на радилица во правец на затегање на штрафот т.е. нанапред моторот да го свртиш..и не очекувај дека како бајче ке тргне одма... сврти, стисни посилно, кога (ако) тргне полека напред назад во неколку цимња (10 одприлика) немој одма да почнеш кругови да вртиш, прво “цимњата“ , па после тоа врти цели кругови.
значи наполни ги клиповите со нафта... после 12 саати провери дали сеуште стои нафтата или отишла надоле.. ако отишла, пак наполни ги и почекај дополнителни (нај малку) 12 саати па пробувај да вртиш... и кога ке вртиш, земи од аптека еден шприц од 10 кубни сантиметри, и по еден полн шрпиц со нафта црвцни во клиповите (доколку пак отишла нафтата во картер)...
и нема потреба да вадиш картер. ако заврти моторот, монтирја го на кола со се нафтата во себе... запалете го. нека поработи 5 минути со се се што има во себе... тоа ке направи чистење на сите закоравени и исушени наслаги од внатре.. после тоа, (никако подолго од 5 минути, ке го зарибате) испушти тоа од картер, стави нај шкартот масло, дури можеш и половно, испуштено од нешто веќе и запали да поработи пола саат (не мењај филтери за масло), нека поработи убаво, нека уклучи перка. изгаси-излади, испушти, смени филтер за масло и ново масло финално и терај...
а да... ОБАВЕЗНО да ги приклучите сијаличките-стрелките за кревање притисок на масло и температура на вода... следи ги дали се во нормала..
од друга страна фијат 1300 моторот е 100 светлосни години по квалитетно направен од тој шкодин мотор... ама нема везе.. пробај си ја среќата... ако бил добар моторот претходно, има шанси да биде добар и понатака...
јас отворив моторо од сузуки, стоен 6-7 години на отворено небо без свекици, немаш појма што се излезе од внатре на 4-ти клип... 6-7 години вода му влегувала во клип од дождови... тука не спасуваше ниедна нафта нити хемикалија...
едит.. еве вака ако се десило од внатре на моторот, (4-ти цилиндар, 3-тиот проаѓа, само на клипот има фатено, тоа ке го согори без проблем)ништо не го спасува од отворање... и нема да сврти воопшто.. уствари ако му се обесиш на радилица, ке сврти ама и толку од кариките...