Автор Тема: Renault 4  (Прочитано 10083 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Renault 4
« на: 08 Април 2014, 18:17:17 pm »
Oтварам тема за едно легендарното Renault 4, кое добива наследник.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault 4
« Одговори #1 на: 08 Април 2014, 18:17:23 pm »
Добро познатото „Рено 4“, кое се уште се вози по нашите улици, конечно добива свој наследник кој ќе биде навистина фасцинантен.

Карактеристиките на новиот автомобил не се познати, но сепак на интернет се појавија фотографиит..

Доколку досега ви беше срам да седнете во овој автомобил и доколку си игравте „мајтап“ за неговиот необичен менувач, отсега дефинитивно ќе го смените мислењето.







LosiPatista
« Последно менување: 08 Април 2014, 19:00:45 pm zeroSignal »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Renault 4
« Одговори #2 на: 08 Април 2014, 18:38:21 pm »
Концептот на David Obendorfer

...Ова беше како натпревар на Рено, за редизајн на Renault 4...нема врска со никакво сериско производство

Иначе Јапонците направија концепт пред некоја година





Иначе правено е на основа на Suzuki Lapin

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Renault 4
« Одговори #3 на: 08 Април 2014, 19:01:42 pm »
Една од колите кои вистински ги мразам. Не знам зашто, едноставно никад не сум ја сакал 4-ката.

За „нова“ 4-ка се збори веќе долго време.. И ништо нема официјално, само некои квази-цртежи и рендери што немаат врска со реалност.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault 4
« Одговори #4 на: 08 Април 2014, 19:32:10 pm »
Рено4 е револуција!  Renault 4 е првиот hatchback. Toa е колата од која настанаа сите хечбеци. Имаше ненормално голема хауба и багажник со оглед на своите скромни димензии, феноменален мењач, симпатичен изглед, многу добра амортизација и квалитетни мотори кои уште на времето можеа да потрошат само 4 литри на 100км, така барем велеа новинарите на аутоклуб. Еден од ретките мотори што во 70тите години палеше чак-мак, без напорно верглање како си знаеја крнтиите.




Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8612
  • Пичлеме
Одг: Renault 4
« Одговори #5 на: 08 Април 2014, 19:37:37 pm »
Јас оваа кола колку што се сеќавам ја имам бувнато во „Најгрда кола“ :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault 4
« Одговори #6 на: 08 Април 2014, 19:41:00 pm »
Ако не беше таму ќе се подумав малце. Во таа тема се сите најубави коли.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Renault 4
« Одговори #7 на: 08 Април 2014, 19:41:41 pm »
Плус тоа, ако земеме во предвид дека колата е од 1961, таа е тивка и смешно економична.

Друга работа, моторите на Renault и понатаму пасуваат на менувачот на Renault 4, па сеа популарна преправка е ставање на 1.2 од Твинго/Клио.

Единствената кола на светот што нема закривени стакла :) сите четири страни имаат рамни стакла.

Дизајнерски најсимпатична ми е првата серија.

Инаку не знам дали знаете што е финтата со менувачот на Рено 4.

Моторот и менувачот се постар тип на Рено 4 со мотор поставен назад (како кај Бубите). Французите да скратат на трошок да проектираат нов мотор, само го ставија напред. На тој начин менувачот е ПРЕД моторот. Да го решат бирањето на брзини, ...хард кор солуција, пуштат шипка до бирачот и тоа е тоа :)

Ова е претходникот на Рено 4... Renault 4CV :)

Како што гледате, моторот е назад.





Иначе сегашниов Папа возел Рено 4...



Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Renault 4
« Одговори #8 на: 08 Април 2014, 19:43:02 pm »
Рено 4 го совладува времето за ова веќе од дамнина се збори а ништо нема. ;D ;D
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Renault 4
« Одговори #9 на: 08 Април 2014, 19:43:35 pm »
Хард кор навистина. Тој мењач немаше смрт.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8612
  • Пичлеме
Одг: Renault 4
« Одговори #10 на: 08 Април 2014, 19:51:05 pm »
Ако не беше таму ќе се подумав малце. Во таа тема се сите најубави коли.
Да бе стварно, сега малку се прошетав низ страните на таа тема, стварно најубави коли се, ама за во некоја паралелна димензија во која Фреди Кругер е манекен :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault 4
« Одговори #11 на: 08 Април 2014, 20:05:35 pm »
4-та е легенда,а и добро се продавала на времето.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Renault 4
« Одговори #13 на: 08 Април 2014, 21:17:25 pm »
уствари чевличето е направено во 1952 од страна на Алфа Ромео

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54919
  • Махер
Одг: Renault 4
« Одговори #14 на: 08 Април 2014, 21:21:23 pm »
Една од колите кои вистински ги мразам.
И повеќе од јасно.

Hateful, hateful car.

Личи на лоша и злонамерна баба.