Изгледа си работел во Порше Македонија и во Аутомакедонија?!?!
Па и другиве. Кај нас на поголем сервисен интервал од 15000 и една година нема.
Дури и на VW transporter Порше ми викаа ако сакаш валидна гаранција 10.000км сервис. Ајде бре си викам?!! Ама ајде нека им биди уште 2-3 години. После се префрлам на транспортн возило од гмата на Мерцедес. Поефтини цени на одржување, а не толку повисоко цена за соодветното возило.
Слободно можеш да им кажеш дека може да се сликаат со тоа и тие закани да ги кажуваат на домашните, а не на муштерии што дале пари
Не дека е лошо да се менува ама таа закана не ми се допаѓаше и мене кога ја купив колата па затоа ја носев на 15к и дури им реков да го направат интервалот за светење на 15ккм, секако дека го направија. Тропаат глупости неповрзани таму.
Во упатството за користење кое е на Македонски јазик и има сервисен план стои сервисен интервал од 30.000км доколку се користи ЛЛ масло. Они ставаат такво масло. Така да и да менуваш уље еднаш на 2 години и 30.000км немаат никакво право да знаеш да се чепкаат околу гаранцијата.
Инаку јас менувам масло на 14/15000км макс. Последниов пат сменив на 12000км зошто ми се совпадна локацијата на сервисот со една работа, па да искористам.