Ја моментално на мојот 1.4 тси сум на 136.000км и менувано е масло на 30.000, 60.000, 90.000 и 120.000 односно 4 пати до сега во овие 7 години. Од интервал на интервал троши околу литро масло ако сакам да му биде нивото на максимум и дотурам 0-30 или 5-30 лонглајф. Проблеми до сега со моторот никакви, си работи исто како од прв ден. Ако вака си биде до 200.000км повеќе од доволно.
Не е проблемот во луѓето. И јас да сум, нешто кога не знам како оди - нормално, ќе се водиш по упатството.
Проблемот е во позадината на пишаното упатство - на производителот не му е во интерес да ја возиш колата вечно, туку во интерес му е да ја "потрошиш" што е можно побрзо и да купиш друга, а долгиот интервал на замена е еден од начините во тоа да успеат.
Ако таква им е целта и сакаат што е можно побрзо да купам друга ондак сигурно нема да купам од истата зошто многу брзо се расипала. Долгиот интервал е начин како со високо квалитетни масла ти како потрошувач да не му ја мислиш многу и што помалку да го трошиш своето драгоцено време по сервиси. Со самото тоа прозиводителот ќе може да придобие повеќе продажби на нови возила.
На 90% од странските коли им е менувано масло на 30К, така препорачува сервисот, така менуваат.
И кај мене истото го пишуваше, па после од Порше нашите преправија на 15000 да се менува.
Long Life маслата треба да издржат 30К, ама не ја сфаќам поентата да се штеди на промена на масло.
Јас не ја сфаќам потребата да се троши безпотребно на било што дали било масло или незнам што. По истава логика ќе треба секоја година да менуваме дискови и плочки, нови гуми секоја година и ако сме извозеле 10.000км итн. Нели, нема ништо лошо да возиш со нови гуми и дискови секоја година?
Не се согласувам. Сепак зависи и од возилото, но и од личната преференца.
Опел препорачува промена еднаш годишно или на 30.000 километри. НЕМА ТЕОРЕТСКИ ШАНСИ да поминам 30.000 километри со истото уље, какво сака нека е, пошто го троши - во оптимални услови, на 7.500-10.000 километри, 400-500 мл. Еве, на 10.000 нека е, по 500 мл, се литро ипол. А капацитетот му е 3.5 литри.
Нема да се замарам со сервиси, ќе се замарам со дотурање, жмк. Јас разбирам продолжен интервал на замена, ама да не се замарам, БУКВАЛНО, капка да не потроши од замена на замена. Ти дотураш литро од замена на замена, а јас во тој период од 30.000 километри имам свежо, ново уље комплет три или четири пати сипано и нема шанса тоа да е полошо за моторот од старо уље. За трошокот не правиме муабет, правиме муабет што е подобро за моторот.
А плус оваа потрошувачка ми е додека е релативно свежо уљето, докај 7.000 километри. После, нагло го троши и нагло го симнува до пола шипка, а после 10.000 веќе сигурно експоненцијално ќе се зголеми потрошњата, пошто и уљето е веќе изамортизирано и СЕКАКО ќе троши повеќе, така да... За 50 евра плус, не би се заебавал.
А тоа дека нема да купиш од истата дека брзо се расипала, мислам дека не држи вода пошто сите производители веќе го "туркаат" продолжениот интервал на замена на масло и мислам дека на една рака се бројат производители што им е побитно возилото да е доверливо, отколку да има екранчиња и камерчиња и чек енџин лајт упален (тука мислам на јапонските возила). Сите сакаат да ти продадат ново возило што побрзо, да не се лажеме.