доколку не сте знаеле да ве информирам:
што значи овластен сервис? овластениот сервис на одреден бренд или тип на производ не го бира увозникот туку го бира производителот... што значи тоа? тоа значи дека ако има интерес за некој продукт да се увезе кај нас во мк, производителот (ај еве нека биде за пример сите мобилни на самсунг) отвара побарување за овластен сервис. понудата стои некое време отворена, јавно и на нејзе партиципираат сите кои сакаат да се натпреваруваат. на крај производителот (самсунг) одлучува кој ке биде овластен сервис. да речеме победиле видео дата. од тој момент па натака, видео дата ги сервисира сите мобилни телефони самсунг.
на некој друг отворен повик (може ако сакате и тендер да го крстиме) се барало сервисери за алкател. тука победиле мобико со поприфатлива понуда од другите... играта кај нив е во цената на сервисирање по парче (раб. рака) зашто деловите посекако ги добиваат од производителот.
и сега.. алкател (легално увезен, купен од фабриката нивна) го продаваат сите мобилни оператори а и некој по јаки мобилари... едни продаваат еден модел, други друг, но кога ке се расипе го носиш во мобико.. они си го сервисираат во гарантен рок, а сметката за сервисот му ја врачуваат и наплаќаат од алкател менаџментот...
значи увозникот на брендот (техно маркет, оне, вип или кој и да е) НЕМА НИКАКВИ ИНГЕРЕНЦИИ при избор на овластен сервис. затоа во нептн на пример ке видите поддржани гаранции од различни фирми кајнас иако продавницата е една т.е. таа е, нептун е...
инаку претходно имам кажано, дека, кога купувам нешто, обаевно прашувам кој е овластен сервисер... ако ми кажат видео дата ПО ДЕФИНИЦИЈА СЕ ВРТАМ И СИ ОДАМ... таман да е нај убавото нешто, кога ке се расипе (а ке се расипе пошто се е чкарт кај нас) немам намера да ми омрзне продуктот заради тие шанкуриња од видео дата и нивниот постојан изговор ПРЕБУКИРАНИ СМЕ, КЕ ВЕ КОНТАКТИРАМЕ НИЕ... и секако постојаното чекање да истече 29-тиот ден од периодот на сервисирање кој е 30 дена, па да ти се јават и да ти кажат дека е средено или не се средува...
јас од престигио сум презадоволен, ама кога го купив сефте во нептун, немаа овластен сервис туку во нептун ми рекоа дека ако прегори ке го сменат... кога се расипа, отидов во нептун, ама во меѓувреме се смениле работите, па видео дата станале сервисери на престигио... абе ми идеше ноктите да си ги искорнам од рацеве додека возев накај нив... премногу лоши искуства имам со нив... премногу...