Автор Тема: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift  (Прочитано 154782 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10941
  • 430i
Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« на: 24 Јануари 2011, 23:55:00 pm »
Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift (со едно црвено :) )

1390ccm  92kW (125hp)/5000rpm, 200Nm/1500-4000rpm
(На дино измерено 132hp и 210Nm)

6 брзински мануелен менувач

Тежина 1249кг

Колата ја поседувам од 29.03.2010, до сега има поминато 18500км и освен редовните 2 сервиси не сум имал некој проблем.
Додуша ЦД-то ми беше сменето во гарантен рок заради неповлекување ЦД-а :)

Опрема:

  - ABS + TCS (TCS со можност за исклучување)
  - ESP + EBA + DSR + сензор за притисок во пневматиците + XDS + Систем за асистенција при тргнување на нагорнини "Hill Hold"
  - 6 воздушни перничиња (2 предни + 2 странични напред + 2 воздушни завеси)
  - Автоматски двозонски клима уред "Climatronic"
  - Електрично управување на предни и задните стакла (со едно притискање и со сигурносен систем)
  - Патен компјутер
  - Мерач за надворешна температура
  - Темпомат
  - Индикатор за препорачан степен на пренос
  - Радио CD/MP3, комбиниран USB/AUX-in приклучок "CUP" + bluetooth
  - Трикрак мултифункционален управувач обложен со кожа
  - Рачка на менувачот обложена со кожа
  - Прилагодување на управувачот по висина и длабина
  - Прилагодување на предните седишта по висина и во лумбален дел
  - Електрично прилагодување на ретровизорите со грејачи и паркинг позиција
  - Централно заклучување + далечински управувач со селективно отворање на багажникот
  - Предни светла за магла со функција за аголно осветлување
  - "Доаѓање дома" функција на светла со мануелна активација
  - Алуминиумски фелни "AGRA" 7J x 17" со пневматици 225/45 R17 Bridgestone Potenza RE050A
  - Phantom Black металик боја

Дополнително на опремата до сега е инвестирано во апдејт:

  - Појачало:   ALPINE PMX T 320
  - Вуфер:       ALPINE SBE-1043BR
  - Затемнети се стаклата
 - 4 х челични бандажи со 195/65 R15 Dunlop SP Winter Sport 3D зимски гуми. - украдени
  - 4 х челични бандажи со 195/65 R15 Nokian WR D3 зимски гуми

Декларирана потрошувачка:

  - Градска:          (8.1 L/100Km)
  - Автопат:          (5.1 L/100Km)
  - Комбинирана: (6.2 L/100Km)

Реална потрошувачка мерена на доточување гориво на бензиска:



Галерија:



























Фото бај  velestrumf














  - Максимална декларирана брзина:   196 km/h Толку е и реална, на блага удолница 212 km/h :)
  - Забрзување (0-100 Km/h):   9.8 s



« Последно менување: 01 Ноември 2013, 09:46:16 am marjanot »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29589
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #1 на: 25 Јануари 2011, 00:12:39 am »
Малиов делуе ко да пуни вреќа. :)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8524
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #2 на: 25 Јануари 2011, 01:27:03 am »
Хехехехех цар е малиов за 2 до три години има да ти ја краде колата очи нема да и видиш, а и башка му стои хахахах

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20625
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #3 на: 25 Јануари 2011, 01:39:26 am »
Не си малце мал за да возиш толкава кола бе? :D
Или тука праиш некои финти за да бидеш „јангест рејсинг драјвер“? :)
Башка, дај фотка и од Генгста мод ако имаш... Онака прљав до прозори... Мене Лансерот ми беше таков до пред некој ден, па мислев дека почнале да праат скривница на паркинг... Коа глеам, откључуем на даљинското, и ОП! Купчето ѓубре/песок/земја/остатоци од Скопје уствари ми била колата! :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #4 на: 25 Јануари 2011, 09:06:43 am »
Убо ново количе. Колку е остварлива онаа потрошувачка од 5.1 ?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10941
  • 430i
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #5 на: 25 Јануари 2011, 09:46:56 am »
@zeroSignal еј, полека, може не си разбрал али незгоден е ;) , ќе го донесам на собир во топ ќе ве стави :)

@chlink @velestrumf ќе турам клипче да видите како црта коли, а 2г. има :)

@LosiPatista остварлива е ама тешко, искрено. Јас обично на отворено товарен патувам, а како што спомнав имам 5,6 Скопје-Охрид-Скопје возено. Со газење на автопат 6-6,2.

Бек он топик, ќе турам и генгста варијанта, да има. МИслев прво да составам чистата до Дедо Мраз ;)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29589
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #6 на: 25 Јануари 2011, 11:36:55 am »
Знам дека малиот незгоден, чичко му ми се пожалил за центрирање директ у фамилијарно благо. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #7 на: 25 Јануари 2011, 11:48:10 am »
Лижавче дур чекаш аутобус, а? Ти помина меракот од Леонот очигледно...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20625
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #8 на: 25 Јануари 2011, 12:01:53 pm »
Знам дека малиот незгоден, чичко му ми се пожалил за центрирање директ у фамилијарно благо. :)

Хахахаха :)
Кутар чичко му :D Дирекно и џентлменс веџт’б’лс а? Може сака да си биде Кинг оф д Хил, па работи на случајот „Немање братучеди“ :D

Мада, ако ме прашаш мене, нема нити удари, нити бутур, нити жива сила што може да го натера чичко му да не си го сака внучето :)

Ја на пример, еве од мое искуство си кажуем, пошто и мене ми се има случено истото... Right in the nuts!!
Ама јок бе, си го обожавам внук ми највише у свет :)

Ениху, ако е marjanot расположен некад, може да пробаме да напраиме еко-вожња, да видиме колку може стварно да му се симне потрошња.
Пошто има 6та, мислам дека може во рамки на 5 да се симне, за пониско, ќе треба ептен напор, а и рака на срце, прашање е дали е остварливо.
Оваа аналогија ја терам, пошто ја на Лансерот, на истата рута му извадив 5.1, па затоа претпоставувам дека Леонот би идел и пониско, чисто
поради 6тата брзина.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #9 на: 25 Јануари 2011, 12:06:56 pm »
vele aj ако имаш некои свои искуства со потрошувачка и нејзино намалување, сподели нешто тука. http://www.carclub.mk/index.php/topic,69.0.html
Јас ептен се имам замарано од научна гледна точка и ме интересира се што е применливо.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10941
  • 430i
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #10 на: 25 Јануари 2011, 12:24:45 pm »
Лижавче дур чекаш аутобус, а? Ти помина меракот од Леонот очигледно...

Не може да ти помине мерак од Леон. Леон=мерак, моногу цврста врска.

Ениху, ако е marjanot расположен некад, може да пробаме да напраиме еко-вожња, да видиме колку може стварно да му се симне потрошња.
Пошто има 6та, мислам дека може во рамки на 5 да се симне, за пониско, ќе треба ептен напор, а и рака на срце, прашање е дали е остварливо.
Оваа аналогија ја терам, пошто ја на Лансерот, на истата рута му извадив 5.1, па затоа претпоставувам дека Леонот би идел и пониско, чисто
поради 6тата брзина.

Може да се симне, дефинитивно. Ама пусто како ги јаде кривинине по Стража, Пресека. Напомнав, еве пак, 6-6,2, тројца внатре, товарени, автопат 140, на моменти +.
Еве давам чесен титов пионерски збор, дека наредно идење ќе возам нај еко-френдли што може и ќе приложам докази ;)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10941
  • 430i
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #11 на: 26 Јануари 2011, 09:53:49 am »
На барање на Велештрумф, ви го представувам генгста Леон.


Отсутен zOkO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
  • брм брм
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #12 на: 26 Јануари 2011, 09:59:05 am »
Зашто го возиш без раткапни? Ептен дрводелски изглеа вака (no hard feelings)
I don't discriminate, I hate

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #13 на: 26 Јануари 2011, 09:59:22 am »
Кај ти се раткапните бе?  ???

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20625
Одг: Seat Leon 1.4 TSI
« Одговори #14 на: 26 Јануари 2011, 10:09:15 am »
Зашто го возиш без раткапни? Ептен дрводелски изглеа вака (no hard feelings)

Не е „дрводелски“, Генгста Мод е ова ;D
Што ќе ти раткапни за у зима бе... Битна е зимска гума :)
Благодарнос до marjanot за испунуење жеља :) Ем башка, заради неперење на колата, сеа не се осеќам толку криво, што мојана е исто (ахем) „двобојна“ :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.