АЈ мал апдејт
Викендов скубнавме до Охрид, а воедно и прво искуство со “тенџере на глава“ и однесување на возило на отворено, како со потрошувачка, така и со бука.
Колава ја товаривме како за викенд со две бебиња и детенце, плус 2 возрасни. Во куферот горе ја упакирав само количката, во овој момент немаше потреба друго да се става. Во гепек џамбо куфер, едно креветче, џамбо беби-торба и кеси со папучи и апостолки
. Гумите на 2.5 сите 4. Клима фул тајм.
Куферот: до кај 90км/х не се осеќа дека има нешто вишок на колата. После тоа се зголемува буката. При цирка 95 до 110 се јавува некое резонантно струење и побучно е да се вози во овој опсег него при 120-130. Буката (шумот) не е неподнослив и со нормално пуштено радио едвај се приметува. Буката се зголемува доколку се вози при поголема брзина во кривина, на автопат. Се на се, очекував дека ќе има промена, но не е дотолку драстична за да смета при возење. Изгледа италијанските дизајнери си ја завршиле добро работата.
- Немам возено, односно се немам возено во друго возило со куфер за да можам да споредам.
Потрошувачката: Неможев најмеродавно да ја измерам промената од претходно. Зошто? На идење накај Охрид беше полабаво по пат. По борд ми покажа само 0,1 покачена потрошувачка него претходни патови
. Прошетавме и до Градиште. На враќање назад патувавме скоро 3 саати, имаше доста гужва, чекање на патарини, автобуси по Стража. Еве го просекот од Аеродром (Општина)-Охрид-Градиште-Охрид-Аеродром:
Комплет 388км се извозени со вклучена клима. Ако земам во предвид предноста која ми ја нуди куферот, промената на потрошувачката е минорна.