Во саботата си ојде акумулаторот. Без никакви знаци на слабеење и на 30 км од Скопје. Едноставно, контакт, да завергла и блекаут.
Се ресетираше компјутерот, немаше сила ни за внатрешните светла ниту па контакт да се даде.
Ја запалив со кабли. Сите можни грешки се понаредија, ESP fault, AirBag fault... По една минута се поништија, само за ербег остана да свети. Колата работеше во лер на 1000/врт/мин. (се надевам заради сигурност во случај да паднат вртежите па да изгаси).
Кога стигнав како ја изгасив, пак блекаут, ни најмалку не се поднаполнил.
Па мака како да ја затворам колата, пошто централната не работеше, само на клуч. Па во упатсвото (среќа во кола ми стои секогаш), прочитав каква курафте техника имало за мануелно заклучување.
Акумулаторот е EXIDE, прво вградување, од фабрика, и не издржа ни 3 години и безмалку 24.000 километри.
После идам до Хемпро да пазарам акумулатор.
Според тоа што го прочитав на форумов
тука и
тука ќе земам што има на лагер. EXIDE нема да земам, а од прочитаното по темите, што и да земам зависи како ќе се погоди.