Круз е за крузање, не за газење. Ако беше за газење ќе беше Шевролет Газ
Уште кога излезе ми се свиѓаше што изгледаше цврсто, стабилно. Внатре е сосема ОК. Верувам дека овие миљон примероци се и миљон задоволни возачи.
Кога бирав возило, го гледав и Крузот само што тогаш во дизел варијанта беше некои 18 и пол иљадарки за основна опрема и ми се виде многу. Башка од старт ја отфрлив „газлестава“ класа пошто грото колата низ град ја возам, па бирав помеѓу градско и фамилијарно. Е, доколку сега бирам, би бирал поинаку, работите преку ноќ се менуваат