Автор Тема: Бизнис идеи  (Прочитано 65483 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #45 на: 28 Март 2014, 19:31:02 pm »
Знаете кога читам муабети, „Абе имам идеја ама ми требаат пари“, а под пари се мисли 10 милиони евра,...ебате идејата!

Уште сеа можам да ви набројам мали и средни бизниси со таа цена кои ќе ви носат сигурна заработувачка!

Работата е да почнеш со бизнис од 5-15 илјади евра и таа идеја добро да ја чуваш и се разбира да ја отпочниш! Речиси невозможна мисија нели?

Ако живеете во параноја од типот...

...поднесовме проекти за маркетинг стратегија во собрание на град
Скопје, за поставување билборди, рекламирање на автобуски станици и слично, и замислете фирма Скопска од нигде
никаде после некое време почна со работа со копија од нашиот проект, пошто информациите брзо се
шират, и се копираат. :-X

...да друже...сигурно до вашата идеја било тоа, оти тие што имаат пари немаат идеја нели? :)


Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #46 на: 28 Март 2014, 20:08:24 pm »
Дека се крадат идеи - се крадат. Да не се лажеме.

Не за џабе ги праат оние инкубаторине па после као демек спонзорираат идеја па овие кај нас работат.

И одма на запад копија на идејата -> идеја и бизнис план имаат на тацна "спонзорите" на инкубаторот. Па и каква глупо име - инкубатор.

Не бидете толку наивни.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #47 на: 28 Март 2014, 20:27:51 pm »
Ке си речам исто што и на мојот професор по Економија кога праша, дали има некој фактор кој сме заборавиле да го спомнеме при истата дискусија околу бизнис идеи, па прсна да се смее.

Политичка врска/поддршка.

Во зависност од големината на бизнисот.
Ако е на локално ниво, ке ти треба некој Советот на општината или во Инспекцииве, да ти најавува кога ке треба да те чешлаат, ако тргнеш на поголемо ниво, некој кој е на повисоко место. Барем во вторите ешалони на власта.

Имам комшија кој е овластен дистрибутер на една компанија за вештачки ѓубрива, и отворено си признава дека без помош од таму погоре, тешко.

Ова е една од причините заради кои не сакам да отпочнам свој бизнис.
Финансии имам, имам и бизнис идеја, само нема кој да ме држи од страна, зашто партиски сум необоен.

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #48 на: 28 Март 2014, 20:36:06 pm »
Финансии имам, имам и бизнис идеја, само нема кој да ме држи од страна, зашто партиски сум необоен.

Единствено нешто што фали е како што викаш "да те држи некој од страна", сигурен сум дека можеш да успееш и без да бидеш партиски обоен :).
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17506
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #49 на: 28 Март 2014, 20:39:08 pm »
Ако не си партиски обоен, треба буџетот за корупција да го даваш на едно лице. Намалена диверзификација на корумпирани фаци, поголема веројатност да ти најдат/измислат нерегуларности.
Ако си партиски обоен, буџетот си оди во партијата, партијата кажува „овој е наш, скокајте го“, и така ќе си работиш без пречки, до промена на власта.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #50 на: 28 Март 2014, 21:00:22 pm »
Ако не си партиски обоен, треба буџетот за корупција да го даваш на едно лице. Намалена диверзификација на корумпирани фаци, поголема веројатност да ти најдат/измислат нерегуларности.
Ако си партиски обоен, буџетот си оди во партијата, партијата кажува „овој е наш, скокајте го“, и така ќе си работиш без пречки, до промена на власта.

Апсолутно точно.

Кај нив важи паролата, имаш членска книшка, НЕ. Автоматски си припадник на другата страна.
Денес не можеш да се убедиш дека си неопределен, дека си неутрален.

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #51 на: 28 Март 2014, 21:02:51 pm »
Не викам дека не е точно и она што го пиша MartinAlfista, ама ваљда не е до толку целава работа...
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17506
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #52 на: 28 Март 2014, 21:06:10 pm »
Не викам дека не е точно и она што го пиша MartinAlfista, ама ваљда не е до толку целава работа...

Види, не е до толку. Ако имаш маалски дуќан, пиљара шо би се рекло, не е до толку. Ако планираш да развиеш бизнис кој ќе им брца прсти во око на веќе постоечките конкуренти, тогаш до толку е.
Знам дел од приказната на Томи, за тоа каде сакаше да инвестира, и затоа толку ја „издраматизирав“ работата. :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #53 на: 28 Март 2014, 22:34:48 pm »
Ако си работиш чисто ќе нема за шо да те чепка инспекција и сл. ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #54 на: 29 Март 2014, 00:18:28 am »
Имам двајца другари кои имаат сопствен бизнис кој им работи перфектно и не се членови на ниедна политичка партија. А заработуваат поприлично. Не мора да значи дека во секој случај треба да си партиски определен за бизнисот да ти напредува! Е сега шо вика Шмит ептен ако му вмешаш прсти на некој моќници од власта, тогаш ни членска книшка не ти го спасува бизнисот.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #55 на: 29 Март 2014, 02:34:09 am »
Зборам за Куманово, каде што све се знае и се работи све со нечиј Амин.
Скопје е мнооогу поголем град, со убави можности таквите средни бизниси да тераат и да има за сите.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг:
« Одговори #56 на: 29 Март 2014, 02:59:28 am »
Јас за Прилеп зборувам, град кој е како Куманово.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #57 на: 29 Март 2014, 10:07:45 am »
Jас викам секој со среката.Еве еден пример:Пред 1,5 година наработа си седевме со колегата и ми викат дај да изнајмиме земја и да посадиме лешници,јас му викам е уба идеја јас имам околу 20 000 квадрати ниви ако сакаш по пола да ги купиме садниците и да заградиме околу нивите и да почниме за земјата ништо не треба да ми даваш и тогаш се сложи,ко дојде време за садење му викам ајде да појдеме да ги исчистиме и заградиме нивите а тој ми вика абе немам пари појди ти јас сега неможам итн.јас си појдов 25дена чистев,косев,орав,сечев дрва и 6000 квадрати ги заградив со дрвена ограда 1 метро висока и обложена со мрежа долга 1500метри,сабајле одев во нивите кои беа 40 км далеку од градов а поручек наработа,тогаш посадив 250 садници лесник и систем за наводнување спроведов капка по капка продолжив во ноемврито посадив уште 170 садници лешник и 80 садници аронија планирам уште да садам па ке видиме после 3 години ко ке почнет да рагет како ке оди.Сакам да кажам дека темава си е на место ако не можи некој нека работи други,и ко ке му кажував на некој со планирам и викаја и јас сакам да садам и никој не посади,,па идеа да ме прашуваат како што како оди  и се откажвеја зошто треба да го испотиш газот и тоа машки,еве некој ако сака евему идеја за бизнис нема да му требаат многу пари,околу 3000 евра ке го кошта ако има земја и желба за работа
;)

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг:
« Одговори #58 на: 29 Март 2014, 10:09:52 am »
Ако си работиш чисто ќе нема за шо да те чепка инспекција и сл. ;)
Misli si. Nas ne kaznija zasto ne sme imale lek vo paluvanje od 50mg,a istiot go imavke od 100mg.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #59 на: 29 Март 2014, 10:46:36 am »
Ако си работиш чисто ќе нема за шо да те чепка инспекција и сл. ;)

Не ми делуваш за толку наивен :)