Не си играј со животот !!!
Ти кажува човек шо е во браншата од 2007г.
Само една опција е во игра, да си купиш камион и да си го возиш сам. Ако збориш за камиони, транспорт конкретно. Расправање со шофери би избегнувал по секоја цена. Ако сакаат шоферите клабери да ми замерат по Македонска линија - слободно, но и самите знаат за што зборувам. Исто и за шоферите, тешко оди разбирање со некои газди.
Во врска со посредничка агенција, купи - продај тури, тешко ќе си најдеш средина и маржа.
Огромни одговорности, екстремно-енормно скапи грешки се прават. Има многу да се збори, не собира еден пост тоа се.
Јас би ти препорачал да го дупиш транспортот и да му наплатуваш.
Магацински простор складирање, царински склад, царински застапник - народски шпедиција, шпедиција на граница, ако си моќен и царински терминал... Зависи за која сума на улагање збориш, ова шо ти набројав некои се мрсни бизниси.
Може и паркинг за камиони за одмарање, пауза - Аутохоф, со некој мини дуќан, ресторантче за каснување, тоалет / туш / перална... Дата база да си ископираат порниЌи

Мада тука во МК треба да ги таргетираш странските шофери кои транзитираат, Македонските си се дома практично. И треба да одбереш локација да речеме од каде тргаат и за 9 саати вожња + пауза до каде ќе стигнат да прават пауза па да ти застанат кај тебе да прават пауза. Тука може да ме корегираат клаберите шофери, повеќе знаат што му треба на еден аутохоф.
Од друга страна и најважно, треба да си роден и створен за да го играш тој ритам на транспортот.
Динамичен, захтевен, напорен ќе биде ако не го уживаш. Тие што го уживаат, се хранат од истиот. Секој ден е предизвик, различен, темпото е различно.
Јас го работам, ок ми е но не е дека сум роден за тоа.
Има многу да се збори, тешко вака да се доловат поенти.