Автор Тема: Бизнис идеи  (Прочитано 71336 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
  • Бенве сие бенве
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #360 на: 26 Декември 2024, 09:19:56 am »
Аутохоф во Македонија е пропадната работа, сите ја транзитираат на магнет или со туѓа картица. Кај и да запре да спие нема да може да помине граница да излезе од Србија. Исто така нема толку транзит, а сега за некој ден ко ќе влезат шенген бугарите и овие малку што поминуваат ќе бегаат преку романија или србија. Исто проблем е што никој нема да јаде во ресторанот, секој ќе си јаде своја храна. Ако мисли да вложуваш пати во тоа однапред ти кажувам нема да ти успее. Поарно купи си камиони многу пари има у тој бизнис, ќе возиш скапа кола, џипои, ќе имаш швалерка, ајфон, станеви, викендица, ќе носиш ВОЅЅ и кур нема да ти чуе за ништо.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14422
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #361 на: 26 Декември 2024, 09:33:19 am »
Дедото работеше Транспорт. Ептен зафркната работа е тоа. И тоа што тој најчесто беше клиент. Имаш работа со возачи кои најчесто не го вклучуваат ни малиот мозок.

Најдобро е свој камион и да фатиш компанија и да си возиш една рута и се прават доста пари.

BMWто го купив и од таков човек и тој вози Данска-Шведска цело време. Пари се наполна солидно. Колекции си прави од Мини Мориси, BMW, тркачки road bikes, куќа на Водно и сл. 

Е ама мачно е. Ќе ти кажат повеќе дечкиве тука.


Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7475
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #362 на: 26 Декември 2024, 10:25:12 am »
Малце да освежиме темата

Како е бизнисот со Транспорт и Логистика денес некој шо се бави со тој дел да објасне како иде
вреде да се улага?

Малку ќе ти бидат две очи за плачење. ;D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14519
  • Пудингот на шоферството
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #363 на: 26 Декември 2024, 12:14:49 pm »
На кратко,со еден камион си за жалење.
Со повеќе камиони треба организација,влог,правење тим.

Ситуација со наоѓање шофери ама прави шофери е повеќе пд катастрофална,па ако некој сака да му даде на некој неписмен камион од 100+ К евра и да се надева дека неписмениот ќе му извади пари,овај за да глуми газда,тешко на двата.

За сам да го возиш камионот ќе има нешто ќар,ама не толку голем колку да го оправда влогот,барем според мене.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7442
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #364 на: 26 Декември 2024, 18:26:13 pm »
Интересна ствар ова со камиониве. Кого и да прашаш како иде бизнисот, ретко кој се фали. А ретко кој ги продава камионите, напротив, купуваат уште. Не имплицирам дека некој лаже тука, туку кажувам како е во моја близина луѓе што имам, дека она што го зборуваат, и она што го прават е различно.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 662
  • The best or nothing.
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #365 на: 26 Декември 2024, 18:34:55 pm »
Интересна ствар ова со камиониве. Кого и да прашаш како иде бизнисот, ретко кој се фали. А ретко кој ги продава камионите, напротив, купуваат уште. Не имплицирам дека некој лаже тука, туку кажувам како е во моја близина луѓе што имам, дека она што го зборуваат, и она што го прават е различно.

Ист принцип како живот во странство.
Како е горе?
- Не чини, не е добро. А никој не се враќа.  :)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2641
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #366 на: 26 Декември 2024, 19:18:13 pm »
Во право си томи,братучед ми имаше еден камион. Не дека не се исплатеше, но ако сам си го возиш, е одлична заработка! Зависи многу од турите – каде одиш, колку и што, како и кој ти ја води работата, кој ти дава работа, и среќата со камионот. Нормално, ако е половен, нема сигурност, но ако имаш нов, како Volvo од 100.000 евра, тоа е друга работа. Со 35-36 илјади евра половно манче ке започнеш не треба да гледаш песимистички но ризик има сепак е половен  , нема пари за транспорт тука кај нас бидејки сме мал пазар, но ако одиш во Скандинавија или Европа, има работа.

Иначе  дечко од Радовиш што пола мкд работи кај него , наш Македонец, кој има своја фирма во Шведска и работи со сопствени камиони, има над 30 возила и работи одлично. Мислам дека братучед ми работеше со него, но на крај го продаде камионот бидејќи не можеше да најде шофер, а во меѓувреме се снајде со работа во Швајцарија, и тој и неговата жена. Сега ужива швицарски бенефити :D работат успешно и се задоволни.

Тема настрана, не познавам некој што се вратил од работа во странство. Гледам дека во Белград луѓето одат да работат како возачи на автобуси за 1200 евра. Ако не се враќаат од Србија, тогаш сигурно нема да се вратат од Швајцарија, Германија или Австрија, а не пак од Америка и преку океанија. Секого охрабрувам да оди, да види на крај краева секогаш може тука да се врати коренот не умира така лесно. Сега е најлесно да се оди во Европа, како што беше во 70-те и 80-те години, со 400 евра можеш да ги средиш сите документи, без потреба од бугарски пасош или слични компликации. За Германија, ако не ти се допаѓа работата, после 3 плати можеш да ја менуваш. Среќа, не сум во таа позиција сега иначе одма би заминал зошто да не заминам кога е подобро , но вратите се ширум отворени за секој човек сега без оглед на годините и на знаењто секое лонче најде поклопац – Во банка еден муабет убаво слушнав од еден повозрасен господин Овдека останаа само богати луѓе бидејки сиромав не излегува крај со крај.Среќно на сите одете ете оној што фати велешанец  швајцарска ни трага ни гласа те луки џуниор,мечето ,битолчанецов со алфа не се враќа у кромерт за 26990денари. :D 

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5798
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #367 на: 26 Декември 2024, 20:14:31 pm »
Како е има риба ?
-Слабо…… (полна чуварката до таван) 🤣
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14519
  • Пудингот на шоферството
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #368 на: 26 Декември 2024, 20:46:48 pm »
Интересна ствар ова со камиониве. Кого и да прашаш како иде бизнисот, ретко кој се фали. А ретко кој ги продава камионите, напротив, купуваат уште. Не имплицирам дека некој лаже тука, туку кажувам како е во моја близина луѓе што имам, дека она што го зборуваат, и она што го прават е различно.
Пола не им плаќаат на шоферите,друга половина нема платено сервиси,рати и сл...
10% од фирмите се  со сопствен капитал и на здрава нога.
Зависи и колку пари очекуваш дека ќе фрла бизнисот.
Бизнисот е во лоша состојба баш од инвеститори кои вложуваат во транспорт,а немаат појма со транспортот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14422
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #369 на: 27 Декември 2024, 00:34:07 am »
Пак ќе го спомнам дедото. 40 години го работеше ова, сме зборале, вика подалеку од транспорт. Е сеа едино не знам ете Мечето ќе кажи подобро, ако имаш фирма регистрирана низ Европа и возиш со европски камиони па каква е исплатливоста така. Иначе да се дупчиш да ги глсват стоки на Хоргош или царина не знам Словенија каде ли беше не се сеќавам сеа можда Хрватска е... Па возачот заборавил документи, па ладњакот термографот, па кренал температура па шо ти знам...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2373
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #370 на: 27 Декември 2024, 02:00:29 am »
40 години да работиш нешто и да викаш Бегај од ова - ми нема логика, ама ич.

Зошто некој би се мачел 40 години е стварно неразбирливо.
Или парата е убава или малку се преувеличува со ,,Подалеку" или луѓето сакаат да изиграваат патеници, не знам.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8190
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #371 на: 27 Декември 2024, 09:23:41 am »
Пак ќе го спомнам дедото. 40 години го работеше ова
Колку што те разбрав дедо ти бил клиент, една од полесните бранши во транспортот и една од браншите која на еден начин го дупи транспортот, како јас што сакам да кажам. Си плаќал за транспорт и чиста работа. Далеку е од транспорт конкретно. Пак ќе речам, ако добро те разбрав.
Моменталниот проблем во транспортот е дека сите камионџии сакаат да бидат прва рака кај клиентите или уште подобро ако клиентите се произведувачи а не шпедиции - посреднички агенции. Арно ама во еден град и во една држава се 3 пати во годината и немаат капацитет да ги задоволат тие големи клиенти. Ама, ќе земат ќе товарат за таков клиент еднаш и ќе го нарушат балансот на пазарот и цената. И после олелееее, не дава цени клиентов. Е не дава...

ако имаш фирма регистрирана низ Европа и возиш со европски камиони па каква е исплатливоста така.
Бетер, поголеми давачки и даноци, цените за кои работат се слични ако не и исти со на балканскиве транспортери.
Нашинци кои се во ЕУ и се бават со транспорт, пак се со БГ фирми и пак имаат БГ шофери. Истата мака во друго пакување. Колку што јас имам инфо, може ќе ме корегира некој.

Иначе да се дупчиш да ги глсват стоки на Хоргош или царина не знам Словенија каде ли беше не се сеќавам сеа можда Хрватска е... Па возачот заборавил документи, па ладњакот термографот, па кренал температура па шо ти знам...
Среќа не го работам ова, верувајте од ова лозјето ми доаѓа одмор во вистинска смисла на зборот. Толку е напорно ова да го работиш. Совет за помладите, не сте весни колку ќе бидете истрошени на 40+ години, послушајте, сменете бранша или подобро ич не влегувајте. Јас работам на тоа да сменам бранша.

40 години да работиш нешто и да викаш Бегај од ова - ми нема логика, ама ич.

Зошто некој би се мачел 40 години е стварно неразбирливо.
Или парата е убава или малку се преувеличува со ,,Подалеку" или луѓето сакаат да изиграваат патеници, не знам.
Од се по нешто. Треба челични нерви, ПРИНЦИПИ И МРСЕН ИНТЕГРИТЕТ НА ЛИЧНОСТА, за да се етаблираш како што треба. Според мене не смееш да се наведнуваш ни пред шофер, ни пред клиент. Да сси коректен, професионален, да не лажеш и ќе те ценат, во некои случаи клиентите и ќе преферираат тебе да ти платат поскапо, за ти да му го сработиш транспортот.

"Бегај од ова", е кажано барем од мене пошто знам на овие години колку ме има истрошено и колку ми се има присрано, пролив фатено, згадено и туѓ срам изедено од безкичмењаци, луѓе без принципи и интегритет, луѓе кои се дерат таму каде му се може, пушат и капка не му капе надвор од уста таму каде не можат.

Пари имало во транспортот, камион од 2 тури НЛ-МК-НЛ се купувало.
Дел од фирмите уште опстојуваат со тие пари направени на времето.

Пари има и сега, ама МНОГУ е тешко.
Е сега некој влегол, заложил хипотека и мора да тера, како - така... И дур се свести, поминале 15 години, и после главчето кога е влезено, другото лесно влегува :D

Пак ќе кажам, Европјаните, а првично и Скандинавците, не се глупи и они го дупат транспортот.
Равенката е следна, наплаќаат од клиентите по метар или по тежина, што е повеќе на квантитет. Продаваат на транспортерот и го плаќаат од километар. Ќе наплати за 13,6 метри 5000-6000 евра за тура од 2000 километри и ќе му ја плати на транспортерот турата по 0,96 евро центи. И тоа транспортерот ќе ги собира тие 13,6 метри од 5 различни градови по 2-3 метри.
Настрана од тоа купуваат приколици и му ги рентаат на трансдпортерите и тоа како императивен услов. Транспортерот плаќа рента, плаќа осигурање за приколицата која ја влече. Транпортерот купува само влекач, му одговара поевтино му е, влегол во бизнисот, урааааа...
За Велигден и Божик, транспортерите си доаѓаат дома, камионите ги паркираат горе и му плаќаат и паркинг за тоа.
Складови, шпедиции, терминали, паркинзи, аутохоф, сервис за камиони, тоа ти се бизниси за да го дупиш транспортот.

Многу има да се збори. Изгубив инспирација за кратко, може ќе добијам од некој следен пост.

Да се извинам ако навредив некого, не ми е намерата тоа.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3637
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #372 на: 27 Декември 2024, 09:57:03 am »
Како е има риба ?
-Слабо…… (полна чуварката до таван) 🤣

И тука одма му викаш, епа среќно! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14422
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #373 на: 27 Декември 2024, 10:11:56 am »
40 години да работиш нешто и да викаш Бегај од ова - ми нема логика, ама ич.

Зошто некој би се мачел 40 години е стварно неразбирливо.
Или парата е убава или малку се преувеличува со ,,Подалеку" или луѓето сакаат да изиграваат патеници, не знам.

Едноставно - немал избор. Како и многу други низ Македонија. Работел за плата, не било негово.

Иначе, стресот е тој. Да клиент се, ама овие превозниците кога ќе заебеа работа со документи, хладњаците кренале температура, робата преосетлива на температура и влага, па ќе уништат пратка од десетици илјади евра, ...па возачов ќе заборави документи или ќе промаши да го царини камионот во Словенија, а стигнал до Берлин...

И над глава имаш шеф/менаџер кој ти вика зошто роба илијадници евра не е испорачана на време? Па се натегаш со превозниците.

Буквално знам дека дедото беше буквално со два телефони во рака 8 саати на ден.


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8190
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #374 на: 27 Декември 2024, 10:37:38 am »
со два телефони во рака 8 саати на ден.
Нема човек во транспорт кој работи само 8 часа на ден  ;)

Ама тоа е така во секој бизнис, особено за газдите.
Никој не успеал со 8 часа на ден.

Во повеќето бранши вработените да, после 8 часа се слободни.
Во транспорт не. Сабота не. Недела не. Божик не. Велигден не.