Автор Тема: Препораки за основни алати во автомобил  (Прочитано 2000 пати)

Отсутен Amy87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
  • Инженер-ка
Возам активно веќе 3 години, но тоа не е доволно :) Бидејќи сум noob за алати и основни поправки или одржување, почнав да гледам видео туторијали, како би можела да се снајдам во стандардни проблематични ситуации. Но, не знам како се викаат правилно алатките на македонски, бидејќи се што изгледав е на англиски или германски.
Па, ве молам ако може, пишете ми кои алатки да си ги набавам за во автомобилот. На пример за подигање при промена на гума, каков и колкав клуч ми треба за отштрафување на главните шрафови на тркалото, каде се купува масло за кочниците ... и било што друго кое мислите дека би можело да ми притреба, да не се срамотам во продавница.  :)
Можеби доста од вас ќе ми се смеат на прашањево, но од некаде се почнува, а јас ОБОЖАВАМ автомобили и решена сум да научам доста за нив :)
Фала многу однапред. поздрави!

п.с. имам фиат пунто класик.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Препораки за основни алати во автомоб
« Одговори #1 на: 22 Март 2014, 22:39:19 pm »
Прашањето не е за смеење, прашањето си е на место. :)
Што и да те интересира - прашај. На форумов има луѓе со огромно познавање, и уште подобро, одлични се во пренесувањето на тоа знаење.

Јас би ти помогнал со терминологијата:

1. Масло за кочници е термин кој не се користи во Македонија. Наместо тоа, се користи глицерин за кочници, кој можеш да го купиш во било која бензинска пумпа или продавница за авто-делови. За твоето возило се препорачува тип Dot-4, или Dot-5.1.
2. За промена на тркало, потребни се следните алати: дигалка, клуч за тркала, и трпение. Првите два елементи обично доаѓаат со возилото, и обично се лоцирани под покривката во гепек, каде што и се наоѓа резервната гума. При прва прилика, провери дали комплетот го има во твоето возило.

Слободно продолжи со прашањата, сигурен сум уште некој ќе скокне на помош. :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Препораки за основни алати во автомобил
« Одговори #2 на: 22 Март 2014, 22:50:59 pm »
Ја би додал дека не е лошо да се носи во кола и некоја шипка која би можела да служи како лост при одштрафување ... Фабричките клучеви неретко се кратки, а нашиве "стручни" вулканизери ги престегнуваат.

Има уште милион работи кои би ти притребале али за почеток доста е барем основните да знаеш да ги користиш, менување тркало, сијалица и сл.

Отсутен Amy87

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
  • Инженер-ка
Одг: Препораки за основни алати во автомобил
« Одговори #3 на: 22 Март 2014, 22:58:08 pm »
Ви благодарам многу за брзите одговори. :)
Бидејќи колава ја купив половно, немам ниту дигалка, ниту клуч. Дали клучевите се со стандардна големина? Има ли фи (внатрешно, бидејќи се шестоаголни ако не грешам) или нешто такво?
И каде би можела да ги купам? Колку чини сево ова отприлика?

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Препораки за основни алати во автомобил
« Одговори #4 на: 22 Март 2014, 22:59:20 pm »
Цолна шипка од метро е задолжителна опрема ако ти ги стегал вулканизер тркалата :D иначе имаш клуч со број 17 и 19,треба да видиш какви се кај тебе

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг:
« Одговори #5 на: 23 Март 2014, 00:22:37 am »
Дигалката е спесифична за секое возило, а клучот најчесто е 19

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Препораки за основни алати во автомобил
« Одговори #6 на: 23 Март 2014, 07:32:28 am »
За промена на резервната гума ти препорачувам од растурачиве да најдеш комплетче алат за Punto, пошто ем фино е среден и нема да ти се матка низ гепек, ем има и некои други корисни работи, како штрафот за влечење ако затреба, или  пластичниот алат за одвртување на задните светла (ако треба сијаличе да се смени), како и комбиниран прав/крстач штрафцигер (дизалицата е одоздола):


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.