Прашањето не е за смеење, прашањето си е на место.
Што и да те интересира - прашај. На форумов има луѓе со огромно познавање, и уште подобро, одлични се во пренесувањето на тоа знаење.
Јас би ти помогнал со терминологијата:
1. Масло за кочници е термин кој не се користи во Македонија. Наместо тоа, се користи
глицерин за кочници, кој можеш да го купиш во било која бензинска пумпа или продавница за авто-делови. За твоето возило се препорачува тип Dot-4, или Dot-5.1.
2. За промена на тркало, потребни се следните алати:
дигалка, клуч за тркала, и трпение. Првите два елементи обично доаѓаат со возилото, и обично се лоцирани под покривката во гепек, каде што и се наоѓа резервната гума. При прва прилика, провери дали комплетот го има во твоето возило.
Слободно продолжи со прашањата, сигурен сум уште некој ќе скокне на помош.