Што сакате зборете за Голфчево, ама инстутција е! Значи, можеби не изгледа најдобро, можеби е прескап, можеби е досаден, али како пакет е одлично ауто. Дури и основното ниво на опрема е солидно.
Моторот е точак, дава некое лажно чувство дека иде(коа ќе уклучи турбинчето), ама не иде бре. При брзина од 30-40 км/х во 3та брзина, колата стои не мрда, ништо не се дешава. Ова го коментирам бидејќи нели за низ град е одличен моторов, епа јас многу често низ градскиве гужви се наоѓам у вакви ситуации. Од друга страна, дефитвно е едно 300 пати подобар од 1.4 бензинецот, али сепак си стојам на ставот дека основен мотор у голфов треба да е 105 коњскиот.
Старт стоп системот функционорише беспрекорно, воопшто не го ни приметуваш си ја брка одлично работата. Просечната потрошувачка изнесуваше 9.3 на 100 што е одлична бројка со оглед на тоа каква гужва беше и како е возен голфот.
Многу лесно се наоѓа возачка позиција и многу пријатно се чувствував внатре, исто така низ метежот и пикањето меѓу коли се осеќав ко да возам многу помала кола и тоа е уште еден голем плус.
Вожњата е одлична, баш како што треба, а и одлично држи во кривини, ама стварно одлично.
Се на се, голфов е супер, освен што е прескап и што со закон треба да го забранат моторов.