Мене ми е поубав од 6ката, има остри линии и само бандажи требаат на основната верзија за да е убав. Башка поголем, поудобен, багажник, аеродинамика, добар 1.6тди, колор екранче, цакум-пакум си е. А конкретно за позади, мене 6ката не ми се свиѓа со не ЛЕД штопови. Ми личат како да се многу стари. И треба да ставиш лед. А кај седмицата основните штопови се со убаво осмислена внатрешност и изгледаат добро - и нема потреба од поскапата лед варијанта. Еве баш тазе размислувања ми се тоа за конкретниве две коли. На почеток кога излезе не ми се свиѓаа штоповите, ама ми легна дизајнот.
Ептен ми прави мерак колата искрено. Или со 1.0тси, ако испадне толку економичен
како што викаат по сите тестови, или со некој дизел. При возење го нуди спокојот кој го нудат конкурентските лимузини.
Само уште да можеа да стават резервоар како што направија Хонда Цивик, кој е понапред, и кој овозможува 90литри поголем багажник колава ќе беше врвна и во таа категорија. Добар е овој багажник, ама ќе си се помирам со туле и тоа е тоа. Иако тоа е повеќе за каравани, ама што е тука е.