175Nm го прават моторчето многу живо и употребливо во секојдневниот опсег на работа. Психолошката бариера е најголемиот проблем за ваквите мотори. Се подразбира дека 1.4 ТСИ АЦТ е подобар избор од овој мотор за Голф. Тоа не е спорно. Голем број од продадените Голфови сепак ќе бидат со овој мотор - затоа што е основен. И секако е многу подобар од 1.4 атмосферецот, па и 1.6 атмосферецот. Но, тие пак ја имаа предноста лесно да можат да работат на алтернативни горива. Нешто што кај нас е широка пракса.