денеска, сменет клинаст каиш со затегаш, променета шајбна на радилица. ставено адитивче Wurth за дизни (по препорака од механичар). после мало издувување на обиколница, колата комплетно се смири (претходно имаше малце поизразени вибрации). денеска променети зимските гуми, извозени околу 2500 километри. имаше ладни, влажни, суви и по некој снежен ден. генерално сум презадоволен од Nexen-от. без никакви проблеми се понашаа во текот на целата зима.
во меѓувреме почнав да се интересирам за летни гуми, прашав на многу места за многу различни брендови. арно ама, ми искочи екстра понуда, за ич пари (некоја компензација) да земам Nexen. па, земав. ќе видиме како ќе бидат, во случај да нешо не ваља, ќе зееме други. земени Nexen N Blue Eco со димензии 175/65/14 (редовна цена 8200 за сите 4) и монтирани (да го исперам количето ќе има и некое сликиче). први впечатоци (бар денес на дождов) се дека се одлични, дури и потивки од Pirelli P7 Cinturato (што ги имав претходно). солидна шара, не е претерано тврда, за Цитроенот и за умерен стил за возење, прекрасни. ќе видиме за понатаму.