Колеги можда ми е сомнителна логикава, али за мене работи.
Во ноември купив Sonax Brilliant Wax 1, ја восоцирав колата, држеше до февруари, и во некоја перална, перејќи ја колата со којзнае што, целиот восок беше испран. Изгледа со нитро ја переле...

Е сеа, бидејќи во ноември потрошив добри 3/4 од шишенцето восок, си реков да го растворам со вода остатокот, и да го преточам во прскалка. Нанесов на колата пак, и го има буквално истиот ефект како и концентрат восок, а како што гледам, после 2 перења уште го има оној „свилен“ ефект и океј beading.
Потрошив само пола прскалка од 300 мл, со другата пола восоцирав друго возило од семејството.
Поентата на постов е, наместо да купувате Sonax Brilliant Shine Detailer, купете Sonax Brilliant Wax 1 (мислам дека помалку од 100 денари беше поскап), растворете 1/4 во прскалка, истиот ефект го има.