Незнам дали знаете дека сега доколку имате мотор без документи можете да го легализирате.Тоа ке ве чини околу 2 000 денари
Треба да отидете на технички преглед со моторот.Ке ви го сликаат и обавезно ви треба документ за идентификација(на сопственикот).Ке започне постапката и за околу 30 дена ке имате документи.
Истото може да го направите и со мотор кој е на странски таблици а не исполнува услов за увоз.Само ке отидете и ке кажете дека нема документи моторот и за 30 дена легално ке си добиете македонски документи.
Оваа процедура мора на Машински или во секоја станица за тех.преглед?
Во секоја станица за технички преглед.
Иначе важи за трактори,моторцикли,приколки и мислам дека и за камп приколки ама не сум сигурен треба да се праша.
Заинтересираноста од ден на ден е се поголема.Некна во еден ден пријавени 90 трактори без документи.
Малку е нелогично. Како би се знаело дека не е краден?
Се проверува по број на шасија дали е пријавен како украден.Заради тоа што кога некој ке пријави украден мотор на пример го пријавува по регистарска табличка и боја.На таа регистарска табличка оди тој и тој број на шасија.Така да тоа најлесно ке се најде дали е краден.