Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 385241 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1710 на: 22 Март 2026, 17:17:10 pm »
И сега чаре? Приватна тужба против полицаецот на техничкиот преглед?
Копитото во новата сообраќајна самого препишал стариот датум на регистрација, се потпишал и не удрил печат. Во систем колата стоела како нерегистрирана, иако фискалните и полисата (која ја извадив приватно) стојат во кола.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 751
    • ibiz.mk
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1711 на: 22 Март 2026, 18:28:10 pm »
Rule no.1: Од јавна администрација секогаш гледај дали податоците се целосни и точни.

Со наследство изгубив 4 месеци по институции за поправка на документи.

Исто кога додавав еуро кука грешки, среќа одма видов.


Џабе тужба ке кажат твоја грешка не си видел одма.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1712 на: 22 Март 2026, 18:36:31 pm »
Шлепот кошташе 7,000 ден. до Прилеп. Адвокат и полицаецот кој ја напиша казната ги посоветувал да земат потврда од АМД Прилепец и со уплатите да се оди во МВР Прилеп, дека сѐ ќе се среди и ќе бидат вратени таблиците. А за шлепот ќе се оди со приватна тужба против полицаецот вработен таму. Но, претходно треба да се оди на суд поради казната и непотпишаниот полициски записник, како доказ ќе се приложат потврди и фактурата од шлепот.

Така функционира таа банана држава, цел систем корумпиран против мајка со малолетно дете и минимална плата.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15116
  • Пудингот на шоферството
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1713 на: 22 Март 2026, 18:46:03 pm »
За казната мидлам д3ка не мора на суд,можи да се подбеси жалба до комисија за сообраќајни прекршоци,да им се даде објаснување што и како се случило и верувам дека ќе ти биди "скината" казната.
А за да си ги вратиш трошоците само приватно кон тој што требало да го удру "мурот".
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 239
    • MVP Ring
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1714 на: 22 Март 2026, 23:03:00 pm »
А зошто да го тужи приватно полицаецот, зошто не може да го тужи мвр? Тој си е нивни вработен, тие треба да си поднесат одговорност како институција, а потоа нека бркаат работа со него како индивидуа, дали казна, дисциплинска и слично.

Не треба вака да функционира?

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk


Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 269
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1715 на: 23 Март 2026, 09:25:38 am »
А зошто да го тужи приватно полицаецот, зошто не може да го тужи мвр? Тој си е нивни вработен, тие треба да си поднесат одговорност како институција, а потоа нека бркаат работа со него како индивидуа, дали казна, дисциплинска и слично.

Не треба вака да функционира?

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk

Ако се почитуваат законите би требало, ама пошто сме општество каде што секој во секој институција е вработен со партиска книшка, истите вработени или се неспособни или мораат да постапат ако ќе им каже шефот или не им се работи па ги наведуваат граѓаните кон приватни тужби за нешта што законски треба да се тужи по службена должност ние како оштетени од истото општество ќе си ги губиме нервите, времето и парите за они да продолжат да пушат кур во партија  ::)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2812
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1716 на: 23 Март 2026, 09:30:37 am »
Јас кога го купив Грандето, прва регистрација на возилото, поминав во ПСС се и се враќам дома да ги наместам таблиците. Ни фалеа некои шрафчиња, татко ми отиде да купи, а јас додека чекав ми беше досадно и ја земав сообраќајната да ја разгледам и кога да видам ми ставил важност до 10.01.2025 година наместо 10.01.2026 година, односно заборавил да ја смени годината. Среќа одма видов и трк назад, инаку да немав време за шлаење, ќе го јадев некаде прописно па ќе требаше по институции и судови да се заебавам.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1717 на: 23 Март 2026, 09:38:35 am »
Кога ја регистрирав Киата, во сообраќајната имаше милион грешки, почнувајќи од најбитната - шасијата.

Проверувам откако заврши работа службеничката, по хомологација, се враќам, она на пауза - колегата на шалтер. Му објаснувам, ѝ се јавува и ѝ вика "колешке, човеков на шалтер се врати, само името и презимето си му ги погодила на сообраќајната, сè друго е грешка".

Иако го правам редовно, мразам да проверувам нешто што друг го сработил, пошто на крај секако дека јас ќе треба да се ебавам да исправам.

Таа е. Мора, ако сакаш да немаш нервози.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1718 на: 24 Март 2026, 12:38:37 pm »
Ме исконтактира газдата на техничкиот преглед, ги подмири трошоците за шлеп, а за земање на таблиците одговорен е полицаецот од тех. преглед и мора лично да оти до Велес и да се потпиши (според методологијата на постапување на МВР, исто така според нив одговорен е и на суд, доколку ја повикаат мајка ми на суд). Си прифати вина и си сноси одговорност.
Не е прв случај, така да во целата ситуација е крив полицаецот и го срами инето на инситуцијата каде што е поставен. Секоја чест на реакцијата на газдата на техничкиот преглед, спуштам капа!

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4124
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1719 на: 24 Март 2026, 13:07:54 pm »
Продавај Опелот, глеаш само проблеми со Опелите имаш. Галактичка лоша карма имаат.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4285
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1720 на: 24 Март 2026, 13:13:04 pm »
Ова во Немачка го нема.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1721 на: 24 Март 2026, 13:18:46 pm »
Точно, во Немачка ми згрешија година на пријава на адреса (Anmeldung), на едно место пишано 2024 година, на друга 2025. Ме запре полиција, бидејќи возев со македонска возачка дозвола (имаш обврска да ја смениш после 6 месеци престој), па го паркирав комбето на паркинг (не сум смеел да возам) и ме носеа до дома со "марицата" за да им приложам документ (не го носев со себе, а бев на 500-1000м од местото каде што престојував). Ова само мене може да ми се случи (малер сум, а во очите на другите криминалец).

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15116
  • Пудингот на шоферството
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1722 на: 24 Март 2026, 16:22:07 pm »
Не е до тебе туку до џандарите дебили шо на тебе вежбаат правна држава,а на алаху акбар им ги тријат јајцата.🙂
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D