Кај мене конкретно рачната, на 4-ти заб фака, на 5-ти заб малку мака треба за да ја кренам. Иначе може накај 8-9 заба да се направи да се крева. А ако ја ставиме да фака на 3-ти заб, а на 4-ти заб со мака да се крева, тогаш веке блокираат задните тркала.
Еве денес после 1 месец канење со чале испуштивме воздух од позади, излезе бајаги воздух иако дента кога ги намонтиравме клипчињата испуштивме убаво воздух, после 5-6 пати испуштања почна глицерин само да истекува и педалата доби добар притисок, ама по одреден период пак почна да пропага педалата.
Иначе кај мене на пумпата за кочници, првиот клип е за предните тркала, па потоа тој го турка вториот клип кој е за задните тркала.