Јас на мојата кола еве и после 200К км прикажани на шалт табла и уште којзнае колку избришани не сум сменал ребраст....
Но, сепак поради тоа што гумата ги менува своите карактеристики во зависност од многу фактори (температура, влага, нечистотија и сл.) пожелно е да се менува временски.
Покрај тоа гумата е изолатор (диелектрик) што значи и за неа важи терминот "стареење на диелектрикот" т.е. губење на својствата со текот на времето. Времето како фактор само по себе можеби не би играло преголема улога ако гумата стои во идеални услови но, ребрастиот каиш се наоѓа во средина која е многу далеку од нив
Сепак, насловот на темата е малку незгоден за давање одговор од типот првото или второто... сепак факторот поминати километри мора да се земи во предвид. Можиш да поминиш 80ккм за 8 год. но и за 2 год. што сигурно не е исто. Во првиот случај мислам дека ребрастиот ќе е во полоша состојба бидејќи факторот време ќе има поголемо влијание....