Автор Тема: На што треба да се внимава при активирање на "стоено" возило ?  (Прочитано 7271 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Ихх Онак бре, можеш мануел да издадеш...

Него да го дошлепам кај Боро твој ?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
дошлепај го... знаеш каде е?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Поради потреба од второ возило деновиве ќе се обидам да го ставам во функција Ax-от. Се работи за возило произведено далечната 1993 -та година, со дизелски агрегат и поминати преку 250 000 км. Во непокретна состојба е околу 4 години, последен пат кога го оставив палеше солидно.

Фала богу, ти текна кршот да го тргнеш! Почнаа дрва да растат од него!  ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
^

Остај жива брука, секој ден доаѓа по некој заинтересиран, 500 евра ми даваат какво што е, на невидено ;D


@Onak, на крајот од Бул. Видео Смилевски Бато ?


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
да... јави се само претходно... или ако доаѓаш доаѓај после 17ч. и да не сум таму, боро сигурно нема да те одбие, ама биди сигурен дека нема да го фати одма... ке го остаиш, ке размените телефони и после биди редовен во подсетувањето.. значи ништо поразлично од било кој мајстор... без гајле, јас ке го подбуцнувам... само кажи му дека од мене си пратен кога ке доаѓаш...

ке го запалиме, провериме и ред по ред се што треба... после тоа ако е се во ред со моторот, списокот ти го пишав, набавувај се, донеси и ке биде средено...

п.с.

со алфата ке го влечеш? ;D

имаш мој број во пп...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Ќе се договориме, иначе за транспорт шлеп служба Лаки, имам попуст..

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
laki komsijava hahaha...sega ke idam nakaj boro, ke bides najaven.. p.s.. koga ke doagas donesi i nafta ako nema vokolata..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
хахаххаа... фалнга.. оди легни спиј бе... нели си на работа утре...


сакаше да каже, испушти маслото, тури нафта наместо масло (пред да смениш филтер) запали го да поработи 2-3 минути, изгаси и испушти пак нафтата, смени филтер и стави ново масло...

ова е процедура која некои мајстори ја практикуваат, но јас не се сложувам со нејзе. лоша процедура, која може да донесе лоши резултати.. да не речам опасна е...

сепак, ако се одлуќиш ова да го направиш, испуштената нафта слободно тртни ја во резервоар... нема зијан...

Toa де тоа. Оти бе опасно, гајле нема. Направено повеќе пати. Нафтата што ќе истече е комедија

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
затоа што имам видено негативни ефекти од тој процес... протропуваат лагери лежечи на радилица... затнува пресингот на летечите... протекува семеринзи...

значи маслото кое е во моторот како наслага, на мотор кој прошол повеке од 150-200Ккм, залепен за металот и се друго, всушност и треба да биде таму. голема грешка е чистењето на тие наслаги (повторувам) НА ПОСТАР МОТОР... сите тие наслаги помагаат до одреден степен на заптивање на механичка луфта... ке ја испереш и си го испрал заптивањето... моторот може да протропа, семеринзите да почнат да пуштаат, и еднсотавно за брзо време да се доведе до ситуација за ремонт..
да испуштената нафта ке личи на бљувотина, но сеуште е добра нафта за во резервоар за тие мотори..

инаку сум кажувал за опел вектра бензинец со поминати 1.250.000 километри.. со зборови еден милион двестепедесет илјади километри поминати за 8 години такси возење во скопје и околината. при карјот веке толку многу дуваше и го гореше маслото да на мењање масло го испуштаме, мења филтер, полниме и со неполни 2 литри во мотор покажува максимум... а каталошки треба скоро 5....

нормално чоекот смени мотор а мене од љубопитност само ми беше и го растурив моторот... знаев дека ке има наслаги... ама жалам што не сликав тоа да го видите... како гресмаст и тоа од нај цврстата-измешана со бетон некој да турил и со шпакла ја лепел по сите делови од моторот (внатрешно)... само канали имаше за радилицата, брегастата и клипњачите... во картерот скоро ич... јас појма немам како воопшто тој мотор толку заработил... а капка не течеше од семеринзите нам оторот.. само дуваше од капаче... ете го одговорот зашто капка не капнало од семеризни а оригинални семеринзи-фабрички... затоа што биле зацементирани одозгора со маст... немало што воопшто да стигне до нив да капне.. сме можеле да ги извадиме семеринзите ДА ГИ НЕМА и пак немало да тече од нив...

е криво ми е што незнам и не ми текна да го склопам и запалам па да видам што ке се десеше ако бутневме нафта на тој мотор за да се исчисти?  дали воопшто ке истечеше нафтата или ке останеше во маста...

поентата ми е дека перењето на моторот, од внатре, гарежите, масните наслаги... се тоа ако е веке фатено поарно да си одтане таму... она што јас го препорачувам на ваквите мотори накои веке не ни гледаат многу какво масло тураат, еднаш на 30-40Ккм да се отвори капачето на главата одозгора и да се исчисти, бидејки целиот кондензат од испарување на влагата е собира и лепи таму... тоа веке не е пожелно да лежи таму, бидејки е вода.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Вчера конечно се вратив од работа на време и почнав со рактивирањето на AX-от. Сменив гуми, во тој дел нема ништо запечено осим што се е рџосано и ќе мора се да расклопам и поминам со челична четка.  Убацив во петта го размрдав малце моторот, проверив антифриз и уље, првото недостасуваше едно пола литро, додека уље има литро две вишак. Имено пред да го забаталам го напунив со 4 литри Селениа претходно возено на Алфата. Под него немаше никакви дамки од антифриз па претпоставувам дека зимите добро ги протерало. Внатре мириса на стоено, неопходно ќе биде едно хемиско и нови навлаки. Денес треба да земам акумулатор па да видам што ќе се дешава. Целото беше обраснато од живата ограда па вадењето на гумите од таа страна беше напорно, труеше на мочотина од кучиња, полжави на сите страни. Највише ме радува тоа што нигде нема корозија.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Стартувањето на моторот заврши успешно, запали од трета четврта, повеќе проблем ми направија клемите кој беа разлокани, ги сменив пали без гас од прва. Мирно работи проблем е што кога го турирам при одземање на гаста моторот гаси. Од моторот одселив еден гуштер :D.

Во меѓувреме колата била цел на вандали или лопови при што украден е левиот ретровизор, скршен предниот десен фар и пробувале да отворат хауба. Настрана штетата треба да сум им благодарен бидејќи ме мотивираа да најдам слободно време и конечно да го ставам во погон. Следно иде на голем сервис каде треба да се сменат сите потрошни делови + семеринг на радилица.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Јас фиќото вчера го запалив после 8 месеци.. Запали после 10тина секунди верглање (со малце туража) Се вртам назад кога гледам многу вода исфрли од ауспох.. А потоа малце кога го потуражирав црнеали излегоја (како кал нешто).. ваљда не е некаков проблем ?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Јас ќе го палам кадетот денес после 6-7 месеци. Кој е за гледање како пали од прва нека  повели :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
И? Запали ли? :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Од зелен пазар Зипо бензинче, и да видиш како се пали :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.