Поради потреба од второ возило деновиве ќе се обидам да го ставам во функција Ax-от. Се работи за возило произведено далечната 1993 -та година, со дизелски агрегат и поминати преку 250 000 км. Во непокретна состојба е околу 4 години, последен пат кога го оставив палеше солидно. Осим зголемена потрошувачка на масло немаше посериозни проблеми. На што треба да се внимава при првото палење, има ли некоја процедура. Од општа култура знам дека треба да му сменам:
- уље
- филтри
- антифриз
- ребрасти, затегачи и клинасти
- акумулатор
- гуми
Исто ме занима кој се симптомите на запечен мотор и слично. Благодарен би бил на секој добронамерен совет...
веројатно е исцедено до последна капка масло во картерот. многу можно е и самиот филтер за масло да е запечен више... кна мене ми се има десено во каналот кон брегаста да се затне, по отварање констатиравме многу оси во каналот и осило под капакот за брегаста.. си напраиле легло...
процедура:
крени на дигалка едно од погонските тркала... стави го во нај голема-висока брзина менувачот. заврти го тркалото нанапред (во правец на движеше т.е. ако е лево тркало-возачко контра од стрелките на саатот а деснто совозачко во правец на стрелките на саатот). можеби ке ти даде напор но ако осетиш дека се придвижува продолжи да го вртиш неколку круга, би требало колку толку да прикрене масло барем на радилицата.
палење на клуч. јас практикувам во вакви ситуации прво да ја исклучам нафтата да не друка, за да не запали всушност. на самата бош пумпа има 1 жичка иде-единечна. таа откачи ја и возилото автоматски нема да може да запали но ке вергла... без да ги чекаш греачите да загреат, заверглај ја онака 10-тина секунди и прекини. изгаси контакт, прикачи ја жичката што ја откачи и пали... можеби ке запали од прва а можеби не, зависи од тоа дали се повлекла нафтата од бош пумпата или задржала вакуум... кога ек запали, очите во сијаличката за масло. ако не изгаси во рок од 10 секунди, изгаси го моторот ОДМА и повикај мајстор, објасни му што е работата па нек си превземе он од тука...
ако ја изгаси сијаличката, остави го да работи во место барем 10-тина минути... но слушај го моторот. ако почне некакво цвичење од горе, т.е. од кај брегастите, гаси и како и претходно повикај мајстор...
ако се е во ред до тука, ај со среќа купувањето на нови:
-гуми
-масло
-филтер за масло
-филтер за воздух
-ребраст каиш
-лински каиш
-антифриз.
проверка на кочници. ова може и да не покаже проблем одма... нека не те секира р’ѓата на дисковите. после извозени 5 километри дисковите ќе л’штат... туку друго е... стоено возило може да покаже проблем со кочници после неколку дена.. ке почне да тоне педалата или ке почнат да блокираат тркалата... во првиот случај некој клип или шапа е проблемот... во втроиот слуачај пумпата е проблемот. а може и да не покаже проблем... зависно претходно како е одржувано т.е. со кој респект е купуван глицерин кога требало, односно дали е купуван нај евтиниот или нај добриот...