Автор Тема: Gumi 195/50 R15  (Прочитано 22190 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #30 на: 11 Август 2011, 13:44:05 pm »
сеа какви се ... претпоставувам за просечен корисник ...
како што реков, буџет гуми

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4968
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #31 на: 11 Август 2011, 15:51:37 pm »
Абе кај ги најде Барум. Тие ти се буџет гуми, воопшто не се споредуваат со горе наведените
Барумот на адак тестови е препорачан така треба да е ок еве јас ги возам кај мене  е ок јас сум на пример позадоволен од овие него од Фулдата

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #32 на: 11 Август 2011, 16:36:44 pm »
Ако континентал го купил барум не значи дека има било какви допирни точки со континентал. И Тигар е на континентал ако не се лажам и Сава е на Мишелин. Ај спореди ги сега демек.

Aaaaaa па Континетал па...АДАК уште за ручек да ги препорачаа да си ги купиш...на влажно демек лепак не им е рамен...абе не прај муабет....па ме излизгаа на влажно ќе летнев у шанец да не беше ЕСП-то...дрн дрн...тро лоло!
Глеј тебе да ти одговараат на вожњата и ако ти бркаат работа...терај!
На Цитроенот имав едни Спортива зимски па држеа феноменално а коштаа две за едно во споредба со Конти.
Па сеа ти види!

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #33 на: 11 Август 2011, 23:20:22 pm »
А кои гуми поточно те пролизгаа?
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #34 на: 12 Август 2011, 00:24:25 am »
Континенталот зимски се безобразно добри. Дури срамота е толку добра гума да постои... Е сеа скупички се. За летни незнам, туранцата е прекрасна веќе трет сет возам. Земај за под 4000 гума се, ако тоа е скапо за гума што се вози 60.000км...

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #35 на: 12 Август 2011, 00:57:51 am »
туранцата  каква гума е мека или тврда,сеа имам камен амортизери па добро би ми досла помека гума

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #36 на: 12 Август 2011, 01:06:01 am »
50 профилки и не е толку добро меки да земаш, зашто ќе ти идат бандажите јабана. Туранза е потврда од обично но по македонските патишта имаш доста дупки кои сигурно ќе ти го оштетат бандажот. И кај мене има камен амортизери со камен тврди гуми, не е толку лоша вожњата.

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #37 на: 12 Август 2011, 01:14:04 am »
abe sigurno ne se kamen ko kaj mene na kecov prednite aj pak ne tolku ali pozadi neznam sto se desava epten e kamen :D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #38 на: 12 Август 2011, 01:26:04 am »
Potenza се прописно тврди, а Turanza се да речеме меѓу потврдите во соодветната класа... Али па, имаат доста добри возни својства.

Јас тегнам Continental SPC3, ама мислам дека ќе да се поскапи од Туранцата што ти ја препорача Дени, или не знам кој...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #39 на: 12 Август 2011, 01:33:29 am »
Оваа димензија слободно може да се каже дека е со најприфатлива цена, аналогно на тоа земи ги најдобрите.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #40 на: 12 Август 2011, 02:01:40 am »
Среќа огромна за мене, а не верував дека се толку ефтини гумите.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #41 на: 12 Август 2011, 10:25:18 am »
50 профилки и не е толку добро меки да земаш,

Мислам и дека 50-ките и не ги прават меки.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #42 на: 12 Август 2011, 10:56:34 am »
50 профилки и не е толку добро меки да земаш,

Мислам и дека 50-ките и не ги прават меки.

Точно неможе гума со профил 50 да биде мека,затоа што таа е наменета за малку поагресивна вожња.

Отсутен vili

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 114
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #43 на: 12 Август 2011, 11:07:32 am »
Истава димензија 195/50 Р15 Dunlop SP01 ги имам возено на ибица и бев задоволен од нив.

Меки доста еластични може повеќе поради меката амортизација на ибицката.

Држеа задоволително и воопшто не осетив проблем поради понискиот профил.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Gumi 195/50 R15
« Одговори #44 на: 12 Август 2011, 11:32:02 am »
Hankook Ventus V12 evo ги возам некое време,сега за сега сум задоволен од гумата,мека,тивка дури ме изненади во однос на тоа што е меѓу поевтините на пазаров,е сега колку време ке тераат ке видиме!