Несакам никого да рекламирам ама мора да ти предлозам да одиш до Stop & Go ке ти дадат одлична понуда за bridgestone.
Ми ги нудеа и мене пред некое време кога купував,одлична цена ми понудија,имам познат човек таму,правев муабет со него,вика одлична гума е bridgestone само што е потврда од другите.Не се одлучив за нив зошто сакам мека вожња иако беа само 500 ден поскапи од hankook.
Како и да е што и да одлучиш нема да згрешиш,битно да е нова,се зависи од џебот и од тоа што очекуваш од гумата.
Сите знаеме многу фино кој се најдобри брендови ама мислам дека не вреди да се ставаат скапи гуми за нашиве патишта.
Поскапите и поквалитетните брендови се многу поосетливи на нашиве убави дупки кои ги имаме во изобилство.
Купувам гуми од средна класа,ги возам најмногу 3год. или околу 40000км и ги менувам,тоа е мојата филозофија,битно ми е да имам нова гума.
Мислам дека се во голема заблуда тие што купуваат скапи гуми и ги возат 70000_80000,и маслат дека возат сигурна гума затоа што е бренд иако е максимално потрошена.