мала дигресија за законот за возила,те дали треба налепници на скутери до 50 кубика:
1.Да го повторам законот:
Трет дел
Сообраќајна дозвола
Член 33
Издавање на сообраќајна дозвола
.........
(8 ) Работна машина, мотокултиватор, мопед (велосипед со мотор), лесен трицикл и лесен
четирицикл, подлежат на повторна регистрација само при промена на сопственикот, односно
носителот на правото на користење на возилото или при промена на неговото живеалиште,
односно седиште.
(9) Сопственикот на возилото од ставот (8 ) на овој член е должен да ја обновува
полисата за осигурување на возилото, за времето на користење на возилото.2.на овој
линк има нацрт закон вер.1.1 со датум 29.01.2015 во кое го пишува следново:
Член 13
....................
Во ставот (9), по зборовите „осигурување на возилото“ се додаваат зборовите „и да достави на увид налепница за извршена регистрација“.што во превод би значело дека треба да се земе и налепница.Но,ова е само нацрт закон,до сега не успеав да најдам на интернет дека е донесен овој нацрт закон.
Тука
http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=844 вика дека нема нови промени,исто и тука
http://www.pravdiko.mk/category/zakoni/ во делот Внатрешни работи-> Закон за возила
Ќе видам на работа со некој што има пристап до службен весник, дали е донесена измената или е останато само на предлог.