Дечки сакам да купам нови гуми за моторчето. Овие фабричкиве се никакви. Дали некој има искуство со Dunlop Scootsmart или Michelin CityGrip 2?
Пред 100 години (12-13), кога го имав скутерот, дојде со кинески гуми, на суво не беше до толку страшно, ама на малку влажно лелееее, како на мраз беше, на кочница не ни помислував тогаш.
Кога барав нови гуми, најдов кинески (кои ме убедуваа дека топ биле, 10години немало да се излижат....) и едни Dunlop (ама незнам кој модел беше тогаш). Нормално ги земав Dunlop-от, добив буквално ново моторче, на дожд кочеше подобро отколку со неговите оригинални гуми на суво... Без пролизгување на вода, страшно добро лепеше гумата при нагло кочење...