Тоа што ти се сменети деловите од преносот не значи дека ти имаат ставено соодветна грамажа на ролни, соодветна цврстина на федер/федерчиња и соодветен каиш. Бидејќи имаш ставено ауспух Џианели, преносот мора да има друг сетап кој ќе одговара на тој ауспух за да одржува вртежи на потребната резонанца
Јас исто имав Џианели ставено и поради него го сменив целиот сетап на преносот, само каишот ми беше фабричкиот.
Штом со друг карбуратор немаш проблем со гушење, не верувам да е електрониката.
Јас сето ова го правев сам бидејќи мајстор никогаш нема да се замара да штелува и подесува до детали. Влатко колку што го имам читано многу разбира и верувам дека одма ќе ти среди (под услов да се занимава со тоа сеуште). Ако не, барај некој другар што повеќе се разбира и пробувајте разни комбинации.